14 Декември, 2025
0.0405

ОТКАКО ДЕЦА ПОВРЕДИЈА ШТРК ВО ГЕВГЕЛИЈА: Биолог ни објаснува колку штрковите се корисни за сите нас

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2025 07:15

Добивај вести на Viber

Од Анима Мунди вчера објавија дека деца во Гевгелија измачувале штрк и бараат реакцијата од надлежните, но она што треба да го знаеме е дека штрковите се многу значајни и корисни во природата.

Тие се хранат со змии, гуштери, жаби и често ги нарекуваат „чистачи во природата“. Доколку бројот на штркови се намали, бројот на влекачи ќе се зголеми, а тие пак се опасни за луѓето. Биологот Анита Стојанова вели дека свеста кај децата треба да се зголеми за заштита на животните, да научат да се однесуваат хумано со нив и да развијат емпатија.

„Штркот се  храни со змии, жаби, тој е алка од синџирот на исхрана во природата и со негово нарушување, се уништува и биодиверзитетот.  Се нарушува рамнотежата. Тоа е цела популација на штркови кои доаѓаат тука за да се прехрануваат. Змиите пак за нас се опасни. Ако нема доволно штркови, ќе се зголеми бројот на змиите и слично. Нормално дека зборуваме за тоа на часовите, јас работам со деца од 6-то одделение. Секое животно е дел од природата и сите се важни за здрава животна средина. Ежовите се слични, се хранат со змии. Треба да се разбуди емпатијата. Ако децата добро се однесуваат кон животните, утре ќе пораснат во личности кои добро ќе се однесуваат и со луѓето“, вели  Стојанова.

Инаку, за измачуваниот штрк во Гевгелија, според објавите на социјалните мрежи, малолетниците со велосипеди намерно го повредиле.  Очевидици рекле дека има и снимки од безбедносните камери кои ќе покажат дека децата намерно биле насилни.  Од Анима Мунди велат дека насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација.

Македонското еколошко друштво лани спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Евидентирани се вкупно 1.765 гнезда на штркови (1.388 активни гнезда и 389 неактивни гнезда - односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите, или имало само една возрасна птица). Вкупниот број на изведени штркчиња беше 3,934.

Штрковите најчесто ги населуваат рамничарските региони и најголем дел од гнездата се наоѓаат во населените места. Како региони со најмногу гнезда на штркови се издвојуваат Пелагонија (541 гнездо) и Овче Поле (326 гнезда). Стојаково и Чешиново се познати како села со голем број штркови.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина