Отчетност: Колку троши директорот на ПИОМ за такси, хотели и дневници
Објавено во: Економија 30 Јули, 2018 08:44
Безмалку 300 евра за такси услуги во два месеци потрошил директорот на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Шаип Зенели. Во извештајот од алатката за отчетност што ја воведе Владата стои дека тој службено потрошил и 665 евра за угостителски услуги во странство и тоа во три месеци од оваа година. Зенели не троши секој месец на вакви потреби.
Такси
превозот го користел само во март и во мај и не е прецизирано дали е во
странство или овде во земјава. За угостителски услуги пак, во странство трошел
само во март, мај и во јуни.
Од трошоците, редовни му се само тие за службен мобилен телефон. Секој месец ПИОМ му плаќа на директорот на службениот мобилен по 2.450 денари.
За авионски карти трошок годинава има само во мај и тој изнесува над 40.000 денари. Во тој месец Зенељи бил на службено патување и во Албанија и во Австрија. Тие се вкупните трошоци за авионски карти иако директорот службено патувал и во март, до Брисел, но во тој месец таков трошок не е заведен.
Се разбира за патувањата земал и службени дневници. Такви му се исплатени во март, мај и во јуни и тоа вкупно 34. 886 денари за сите четири патувања. Станува збор за вкупно 10 работни дена. Толку било оправдано, службено, надвор од државата.
Хотелско сметстување пак е наведено само во јуни. За тоа служебно Зенели потрошил над 12.000 денари или околу 200 евра.
Трошоците за дневници и за угостителски услуги кои ги прикажа оваа алатка за многу од функционерите вистински ја разбрануваа јавноста. ПИОМ ги објавува на редовна основа.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




