14 Декември, 2025
0.0615

ОСВЕТЕН МАНАСТИРОТ „СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО“ - Исполнета желбата на Тоше Проески

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2023 13:07

Добивај вести на Viber

Манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, во чија изградба придонесе и Тоше Проески, денеска е осветен во присуство на голем број верници.

Чинот на осветување го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

На осветувањето на манастирот присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој на својот фејсбук-профил објави дека со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир кој, како што напиша „Тоше го нарекуваше втор дом поради духовниот мир кој го пронаоѓаше во него“, конечно го добива својот целосен манастирски сјај.

- По долги години, денеска се исполнува една света обврска, големата желба на нашиот Тоше Проески и на крушевчани - се осветува манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, за чија изградба Тоше несебично се залагаше уште од раното детство, па се до последниот ден од кобната несреќа, по која македонскиот народ остана во длабок непребол. Нека му е вечна слава на нашиот Тоше! - напиша  Спасовски на Фејсбук. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина