14 Декември, 2025
0.0543

Освен за Втората светска војна, Заев не кажа ништо друго погрешно во интервјуто - се огласи и Георгиевски

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020 14:06

Добивај вести на Viber

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се во согласност со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив. Единствен погрешен за него е ставот околу Втората светска војна. 

Ова тој го кажа за Студи 10 на ТВ 24.

„Според мене Заев во тоа интервју не кажа ништо грешно, освен можеби за ставот околу Втората светска војна. Меѓутоа, сите дијагнози и описи на работите, според моето сфаќање на македонската историја и односите со Бугарија, му беа 100 проценти точни. Тие произлегуваат не само од бугарските ставови, туку и од книгите кои ги подолго време се издаваат и ги верификуваат македонски историчари и излегуваат од македонскиот архив. Ако ги погледнеме сите тие книги се гледа таа општа историја со Бугарија. Сите тие што го напаѓаат Заев можеби ќе бидат принципиелни, ако барем во последните 30 години кажале нешто позитивно за Бугарија. Меѓутоа ако ги погледнете сите тие што го напаѓаат Заев, во минатите 30 години напаѓале и плукале. Јас ќе ве потсетам, кога зборував дека треба да го менуваме односот со Бугарија, кога зборував дека треба да ја ревидираме нашата историја во поглед на таа македонско-бугарска блискост која постоела и е јасна во историјата - ги добивав сите можни етикети. Јас кога бев премиер направив една декларација да бидеме пријатели, а за жал денес станавме непријатели. Факт е дека Бугарија ако не се спротивставеше на Европската Унија, ако не се спротивставеше на НАТО земјите, ние немаше да добиеме држава. Од Бугарија Македонија има видено големо помош. Кога ќе зборувате со дипломати кои биле во Брисел, најголема поддршка добивале од бугарски дипломати“, изјави Георгиевски за Студио 10.

Според него, Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект.

„Ако Бугарија стави вето, главната агенда на Заев ќе биде девалвирана. Човекот решава два три крупни проблеми од државен аспект и му давам поддршка да ги реши. Ако погледнеме од онаа објективна вистина, Заев во она интервју не кажа ништо погрешно“, рече Георгиевски, додавајќи дека е подготвен да дебатира на оваа тема со било кој историчар.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина