Осум уапсени на протести против Трамп
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2016
Осум лица се уапсени на протести против новиот претседател на САД, Доналд Трамп во Орегон и Индијана.
Протести имаше и во Лос Анџелес и Њујорк. Неколку стотици луѓе излегоа на улиците на Орегон синоќа. Полицијата соопшти за најмалку еден уапсен откако луѓе од толпата почнаа да ги гаѓаат полицајците, облечени во оклоп за борба со безредијата. Претходно синоќа градоначалникот Чарли Хејс и началникот на полицијата, Мајк Маршман ги повикаа луѓето на воздржаност по неколку дена протести кои доведоа до предизвикување на материјална штета. Синоќа еден човек беше застрелан, според полицијата во судир со улична банда.
При протести против изборот на Доналд Трамп во градот Индианополис, во државата Индијана, полесно се повредени двајца полицајци.
Полицијата во Њујорк направи барикади пред најскапите продавници.
Самиот Трамп ги повика на Твитер Американците да се обединат.
„Ова ќе е важен момент во животот на сите Американци. Ние ќе се обединиме и ќе победиме, победа, победа!" - гласи постот на новоизбраниот претседател.