ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Ќе лежи 8 години затвор за случајот „Транспортер“
Објавено во: Македонија 31 Март, 2020
Поранешниот
битолски градоначалник Владимир Талески денеска беше осуден на 8 години затвор
во случајот Транспортер. Во Кривичниот суд, пресудата ја изрече судијката
Добрила Кацарска.
Талески беше обвинет за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола. Во овој случај има уште 20 обвинети, кои денеска исто така се прогласени за виновни. И останатите 20 обвинети со денешната пресуда се прогласени за виновни. На некои од нив им беа изречени затворски казни од 2-3 години, а дел добија условни. Со денешната пресуда, предвидено е и конфискација на имот од фирмите во износ на направената штета.