14 Декември, 2025
0.0310

Осуда за насилствата и навредите за Албанците - Има ли сценарио за меѓуетнички судири?

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2022 08:49

Добивај вести на Viber

За првпат дојде до судир меѓу две групи на вчерашниот протест против „францускиот предлог “, а се пукаше и во воздух на плоштадот Скендербег. Претходно дел од демонстрантите извикуваа и навредливи скандирања против Албанците. Речиси како по сценарио се остваруваат најголемите стравови - дека протестите ќе станат насилни и дека ќе дојде до меѓуетнички судири.

Дел од поддржувачите на власта, особено меѓу невладиниот сектор го прифатија наративот дека „загрозени се кревките меѓуетнички односи" и во изминатите неколку денови го пренагласуваа токму тоа. Но, мора да се биде искрен за две работи, навреди кон Албанците се недозволиви и треба максимално да се осудат во секоја прилика, но и дека истите доаѓаат од изолирани групи на хулигани, део од нив манипулирани или контролирани од центри на моќ за уништување на протестите за изразување револт кај македонскиот народ за новата серија на меѓународни диктати и ултиматуми.

За меѓуетничките односи разговараме со новинарот и политички аналитичар Лирим Дулови. Тој смета дека вчерашниот инцидент кај плоштадот Скендербег е инцидент во кој беа вмешани претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците кои беа коалициски партнери во градската власт.

По навредливите извици против Албанците кај група демонстранти на протестите против „францускиот предлог“, многумина од албанската јавност ги обвинија демонстрантите за ширење омраза и нетрпеливост кон Албаниците. Што мислите за скандирањата, дали се намерно уфрлени во протестите преку одредени групи бидејќи во првите денови на протести такви навреди немаше?

„Нешто видено кај нас години наназад. Тие луѓе се за жалење. Тие се заробени во својата омраза, и како што тргнало, Албанците ќе бидат дежурни виновници не само за бугарските политики, туку и за временските неприлики во иднина. Тие ги навредуваа и нашите футбалери кои даваа голови за нашата репрезентација. Болни умови кои меѓу другото се добра подлога и за манипулација од страна на мрачни проруски сили, кои би сакале да предизвикат и поголеми немири во нашата дрзава и во регионот. Тие меѓу другото ги избркаа и добронамерните грагани, кои искрено и легитимно излегоа на овие протести мирно да си го искажат својот став за францускиот предлог“, вели Дулови за Фактор.

Какво е расположението на Албанците за „францускиот предлог“, дали постои солидарност и разбирање за понижувањето со кое во континуитет се подложени Македонците, но и како гледаат на иднината на евроинтеграциите и напредокот на Македонија?

Дулови: Албанците никогаш не го спореле идентитетот на своите сограѓани, Македонци. Притисоците што доаѓаат од Бугарија, сметам дека се и на штета на самите бугарски интереси во регионот.

Но сепак, од тоа што знаеме, е дека во официјалниот документ, експлицитно се спомнува постоењето на македонскиот јазик. Од тука, а поаѓајки и од манипулациите од минатото околу „тиранската платформа", „правата на Албанците за образование на мајчиниот јазик", како и многу други теми со кои се плашеше народот во минатото дека ќе ни ја снема државата, со иста таква резерва ги доживуваат и овие реакции. Наместо излив на емоции, потребна е отворена дебата, и доколку има поинакви, нови моменти за кои јавноста не е запознаена, тогаш за истите да се дебатира аргументирано и смирено и да се изгради заеднички став. Во никој слуцај, оваа тема не треба да се искористи за добивање на ситни политички поени од партиите“, тврди Дулови.

Дали е во ред дел од албанските партии во моменти кога од Бугарија стигнуваат уцени и барања за промена на Уставот, и тие да поставуваат услови за промена на уставните норми кои ја регулираат употребата на јазиците, зошто тоа прашање не се отвори на еден принципиелен начин, во процес кој ќе биде отворен и ќе преставува можност за зголемување на довербата меѓу Македонците и Албанците?

„Јас поинаку гледам на тоа. Во 2001 Албанците се согласија на компромисно решение да наместо „албански јазик" во Уставот стои формулацијата „јазикот на 20 посто...". Целта беше да се прекине воениот конфликт. 20 години потоа, особено сега кога е актуелно прашањето за македонскиот јазик, е најдоброто време да се сфатат чувствата на Албанците кои 20 години носат навредлива формулација за нивниот албански јазик. Ако сега не се сфати оваа грешка од македонските политичари, тогаш таа никогаш нема да се сфати. Без взаемно разбирање и почит, нема иднина ниедна заедница, од фамилија па се до држава. Тие на крај се распаѓаат. Мислам дека до тоа не би требало да дојде“, заклучува Дулови.

Х. С.

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија