05 Март, 2024
0.0265

ОСТРА СТАРТНА ПОРАКА ОД НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СУДСКИ СОВЕТ - Дамева: Нема да има место за ниту еден корумпиран судија

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Новоизбраната претседателка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева порача дека злото наречено корупција мора да се сузбие и дека нема место и втора шанса за корумпиран судија.

Дамева, нагласи дека како претседател на Судскиот совет ќе работи и ќе се труди за исполнување на препораките од Извештајот на Европската Комисија.

– Голем предизвика е да се биде на чело на Судскиот совет во овој реформски процес. По две години ќе ги направам горди членовите на Сускиот совет за дадената доверба, кога ќе покажам дека сум успеала задно со нив, рече Дамева.

Во својата визија, Дамева рече дека приоритет ќе и биде да се направи чекор напред во борбата против корупција.

– Злото корупција мора да се сузбие. Оној судија што е корумпиран врз основа на факти и докази вратата за излез ќе му биде широко отворена. Нема место и втора шанса за корумпиран судија, изјави Дамева.

Таа, исто така, посочи дека и транспарентноста и отчетноста ќе бидат еден од нејзините приоритети, уверувајќи дека Судскиот совет од денеска е отворен за сите прашања од јавноста.

Прашана кои се тие „судско-бизнис елити” за кои зборува Црвенковска како причина за отставка, Дамева рече дека не знае на што мисли Црвенковска, но дека загрижува тоа што како претседател на Судски совет таа била должна за тоа да го извести Советот, кој има механизми за справување со тоа. – Тоа криење, самото остава простор за сомнеж, изјави Дамева.

Интегритетот, посочи Дамева е единствен штит против такви притисоци.

– Не е доволно само да се дознае за такви предизвици, туку и тие да се сузбијат. По враќање од боледување на Црвенковска ќе побарам да извести за таквите сознанија, изјави Дамева.

За наводите дека е член на СДСМ, Дамева рече дека со својата досегашна работа докажала дека има интегритет и не е член на ниту една политичка партија.

Како единствен предлог Дамева, на денешната седница беше изгласана со десет гласа за и еден против.

Изборот на Дамева, доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.

Функцијата претседател на Судски совет на РСМ се избира со мандат од две години од редот на членови на советот, кои се избираат од Собранието.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВО НА НУМЕРИЧКИТЕ МОДЕЛИ - на планините многу снег за кратко време, можност за снег и во повисоките градови?

НАЈНОВО НА НУМЕРИЧКИТЕ МОДЕЛИ - на планините многу снег за кратко време, можност за снег и во повисоките градови?

СРБИЈА ОЧЕКУВА ДА БИДЕ НАЈПРИВЛЕЧНА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА - од утре се применува системот на препознавање на работните дозволи

СРБИЈА ОЧЕКУВА ДА БИДЕ НАЈПРИВЛЕЧНА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА - од утре се применува системот на препознавање на работните дозволи

ТОЈ Е ВО ДУБАИ, А МВР РАСПИША ПОТЕРНИЦА - се бара екстрадиција на Шеваљ Муареми

ТОЈ Е ВО ДУБАИ, А МВР РАСПИША ПОТЕРНИЦА - се бара екстрадиција на Шеваљ Муареми

Бојмацалиев: Внатрешна контрола истражува зошто граѓаните не можат да ги подигнат готовите пасоши

Бојмацалиев: Внатрешна контрола истражува зошто граѓаните не можат да ги подигнат готовите пасоши

КРИВИЧНА ЗА ПОЛИЦАЕЦ - ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕР КОЈ НАПАДНАЛ И ФИЗИЧКИ ПОВРЕДИЛ ДРУГ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНК: Тошковски излезе со детали

КРИВИЧНА ЗА ПОЛИЦАЕЦ - ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕР КОЈ НАПАДНАЛ И ФИЗИЧКИ ПОВРЕДИЛ ДРУГ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНК: Тошковски излезе со детали

„Синдикат кој единствено ќе им служи на потребите на работниците“: Ампева најавува посилна борба за нивните права

„Синдикат кој единствено ќе им служи на потребите на работниците“: Ампева најавува посилна борба за нивните права

ГАЛЕРИЈА: СООБРАЌАЈКА НА НОВОПРОБИЕНАТА УЛИЦА ВО АВТОКОМАНДА: „Само се чекаше кога ќе се случи“, велат жителите

ГАЛЕРИЈА: СООБРАЌАЈКА НА НОВОПРОБИЕНАТА УЛИЦА ВО АВТОКОМАНДА: „Само се чекаше кога ќе се случи“, велат жителите

ПОВОЗРАСНА ЖЕНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ВО АВТОБУС НА ЈСП - пренесена во градската болница во Скопје

ПОВОЗРАСНА ЖЕНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ВО АВТОБУС НА ЈСП - пренесена во градската болница во Скопје

ПАДНАЛ ОД КРЕВЕТ, А ПОМОШ БАРАЛ НА 112 - БРЗАТА ПОМОШ СПАСИ ПАЦИЕНТ КОЈ ЛЕЖЕЛ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА- : Ангелов ја шокираше јавноста

ПАДНАЛ ОД КРЕВЕТ, А ПОМОШ БАРАЛ НА 112 - БРЗАТА ПОМОШ СПАСИ ПАЦИЕНТ КОЈ ЛЕЖЕЛ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА- : Ангелов ја шокираше јавноста