ОСТАНУВА ТАЈНА КОЈ КУПИ 4,99 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - дали ова се можните продавачи на тој акционерски пакет

Објавено во: Финансии 23 Април, 2025 11:07
Не се дозна кој ги купи 4,99 отсто од акциите на Стопанска банка Битола за сума од над еден милион евра.
Централниот депозитар за хартии од вредност секој прв ден од работната недела ги објавува ревидираните состојби на сопственичката структура на компаниите, а според најновата, Стопанска банка Битола повторно има само еден сопственик со акционерски капитал над 5 отсто, а тоа е компанијата „Пелистерка“, со 16,99 отсто.
Тоа значи дека оној што ги купил 4,99 отсто од акциите е нов акционер во банката, бидејќи доколку имал и сосема мала количина акции, ќе надминеше 5 отсто и ќе се појавеше во акционерската структура на ЦДХВ.
За да добиеме малку појасна слика за тоа кој ги продал своите акции во Стопанска банка Битола, можеби ќе ни помогнат податоците за тоа кој акционер со колку акции располагаше, а што се дозна кога Комерцијална банка објави намера за преземање на акциите заедно со проспект, при што беше објавена и подеталната акционерска структура на банката.
Според таа структура, Трајан Маслалковски располагаше со пакет од 4,99 отсто од акциите, Тони Јосифовски имаше само една акција помалку, што исто одговараше на 4,99 отсто од акциите.
Ненад Јосифовиќ располагаше со 4,93 отсто од акциите, комманијата ДПТУУ Тимох ДОО Скопје поседуваше 4,86 отсто, холдингот ОРКА, пак, поседуваше пакет олд 4,68 отсто, друштвото Нет електроникс Владимир ДООЕЛ Скопје имаше во сопственост 4,15 отсто, Скопски пазар 4,10 отсто, Бест Веј Инвестмент ДООЕЛ имаше 3,85 отсто, и акционерот Русе Иљоски поседуваше 3,67 проценти.
Оваа акционерска слика беше пред подолг период, па треба да се има предвид дека состојбите може и во меѓувреме да се измениле. А, според таа состојба, двајца акционери имале пакет од по 4,99 отсто, па се поставува прашањето дали можеби некој од нив ги продал своите акции, но сето тоа, засега останува во зоната на непотврдени информации.Инаку, како што веќе пишувавме, банката минатата година ја заврши со добивка од одлични 2,5 милиони евра, наспроти огромната загуба од 3,1 милиони евра во 2023-та.
Но, таа добивка нема да се исплати како дивиденда на акционерите, туку, Собранието на акционери на седницата што ќе се одржи на 21 мај оваа година, ќе гласа за одлуката таа да се распореди како акумулирана добивка ограничена за распределба на акционерите.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕВОСТ НЕ БИЛ БЕЗ ПАРИ: Заработувал помеѓу 5.000 и 6.400 евра како кардинал

КОЈ БЕШЕ НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА? Живеел во замок, а потоа изгубил сè - запаметен по најголемата загуба во историјата

СИГУРЕН, НО ПРИСТАПЕН: Еве го списокот на најдобри половни автомобили до 10 години старост

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите
