15 Декември, 2025
0.0371

ОСТАНУВА МИСТЕРИЈА НОВИОТ ГАЗДА НА ТОПЛАНАТА СЕВЕР - молк за тоа кој ја купи за 350 илјади евра фирмата што грее 500 домаќинства

Објавено во: Економија 29 Февруари, 2024 07:20

Добивај вести на Viber

Три дена откако се продаде Топланата Скопје Север, сите како да се заколнати на молк околу тоа кој е купувачот на овој значаен енергетски објект во државава.

И, за маката да биде уште поголема, Топланата нема ни да мора да објави кој е нејзиниот нов газда, согласно законските прописи кои ја регулираат таа проблематика.

Како што е познато, во понеделникот помина берзанската аукција на која Топланата беше понудена и продадена за сума од 350 илјади евра.

Ова следуваше откако претходно се случија две неуспешни аукции, а во кои првично овој објект се нудеше за продажба во септември 2022 година по цена од 980 илјади евра, додека, пак, се нудеше и во ноември лани, и тогаш за неа се бараа 605 илјади евра.

Но, тогаш за овие акции немало заинтересиран купувач, и берзанската аукција што се одржа во понеделникот беше своевидна трета среќа за овој објект, кој всушност беше во сопственост на „Топлификација“, која, пак, е во стечај. Тоа значи дека прибраните 350 илјади евра од продажбата на Топланата Север ќе влезат во стечајната маса на оваа компанија, по што парите еквивалентно ќе им се распределат на доверителите, сразмерно на висината на нивните побарувања.

Она што вчера се случи беше берзанското порамнување, бидејќи аукцијата беше по моделот Т плус два, што значи дека вчера и официјално купувачот требаше да ги плати средствата за топланата.

Фактор разговараше со сите можни страни вклучени во зделката, но тие ни одговорија дека или не знаат, или дека не можат да ни го обелоденат името на новиот сопственик на овој енергетски објект.

Фактор успеа да стапи во контакт со стечајниот управник кој ја извршил продажбата, но тој ни рече дека името на новиот сопственик не може да се открие, бидејќи се уште не завршило порамнувањето. Вчера околу пладне кога разговаравме со него тој ни објасни дека плаќањето на сумата се уште не е завршено.

„За мене како стечаен управник е најбитно да се реализира продажбата и да се влеат средства во стечајната маса, а не кој е купувачот“, ни објасни стечајниот управник.

Стапивме во контакт и со брокерските друштва преку кои се реализирала аукцијата, но оттаму ни одговорија дека не е нивно тие да обелоденат кој е купувачот, туку треба да се почека самиот тој, доколку смета дека е потребно, да и се претстави на јавноста.

„Ќе си објават, ќе бидат запазени сите правила и прописи“, би можеле да се парафразираат одговорите од брокерските куќи.

Се интересиравме и во Централниот депозитар за хартии од вредност, во смисла дали Топланата Север, или Друштво за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје како што е таму наведена, има обврска за објавување на акционери кои поседуваат над 5 отсто од акционерскиот капитал.

Одговорот е дека Топланата Север нема таква обврска, бидејќи не ги исполнува купулативно двата потребни услови, односно да има над 50 акционери и вредност над еден милион евра.

Односно, Топланата Север има номинален капитал од 3,96 милиони евра, но имала (пред да се реализира продажбата) само двајца акционери, а тоа беше Топлификација во стечај, која поседуваше 77.414 акции или 99,98 отсто од акциите (кои се продадоа во понеделникот) и уште еден акционер, кој, според нашите информации, поседувал само 17 акции од ова друштво.

Тоа значи дека таа не ги исполнува кумулативно двата услови за да можеме да очекуваме дека барем во понеделник, кога ЦДХВ ги објавува најновите состојби, ќе го дознаеме името на новиот сопственик.

Од Берзата, пак, ни објаснија дека само доколку купувачот евентуално е некоја котирана компанија, ќе мора да извести дека ја купил Топланата, но доколку не е, кај нив ќе нема таква обврска.

Топланата Север снабдува со парно околу 500 скопски домаќинства, односно граѓаните во Чаир, Бутел и Топанско Поле, па иако нејзин газда досега беше приватна компанија, Топлификација, која е во стечај, во јавноста се крена голема бура околу цената по која е продаден овој објект, односно 350 илјади евра.

Дотолку повеќе што станува збор за објект кој засега 500 домаќинства, и затоа се смета дека е од јавен интерес.

Затоа и мистеријата со која е обвиткана оваа продажба, но и за новиот газда, би требало што побргу да се расчисти.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година