Oстанаа без домови, се сместија во шатори, а сега и тие се поплавени
Објавено во: Балкан 14 Март, 2023 16:13
Дождовите во Турција ги поплавија шаторите во кои живеат луѓето чии домови се уништени од земјотресот кој се случи на 6 февруари годинава. На видеата се гледа дека има кал околу шаторите.
Во Искендерун, во провинцијата Хатај, дождот ги поплави шаторите, објави новинската агенција ДХА. Опозицискиот политичар Канан Кафтанчиоглу на „Твитер“ сподели видео на кое се гледа жена како плаче и се обидува да ја извади водата од шаторот.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ги обнови куќите во период од една година. Во Турција во моментот има изборна кампања, а граѓаните на 14 мај ќе избираат нов парламент и нов претседател.Само во Турција во земјотресот загинаа над 48.000 луѓе, а во Сирија има неколку илјади жртви.
Во Хатај патот кој е распукан, „проголта“ автомобили.foto Twitter
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




