ОСОМНИЧЕНИ ЗА МИЛИОНСКИ КРИМИНАЛ: Полицијата приведе четири лица
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2024
Приведени се четири лица меѓу кои и познат струмички бизнисмен осомничени за милионски криминал. Осомничени се дека со перење пари, затајување на данок и измама го оштетиле државниот буџет за десетици милиони евра. Полицијата пронашла дијаманти и голема сума на кеш во вчерашните претресите кои беа направени на неколку локации во Струмица, Скопје и Гостивар.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели во оваа фаза од истрагата не може да открие повеќе детали кој се е вклучен во милионското затајување на данок и перење на пари преку фирми.