24 Октомври, 2024
0.0286

ОСМАНИ: Законите за промена на имињата на МРТ и на МАНУ стојат заглавени пет години

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи  во однос на Грција вели дека не ни треба кавгаџиска надворешна политика. 

Според него, како што ја обвинуваме Грција дека не ги исполнила сите обврски, нив не ги исполнила и Македонија, затоа што законите за промена на имињата на МРТ и на МАНУ стојат заглавени пет години во Собранието.

Додаде дека столбот на Преспанскиот договор е давањето поддршка од Грција за нашата интеграција во ЕУ и во НАТО, а таа обврска е исполнета и не треба да се загрозува со споредни прашања. 

„Ако сакаме да најдеме мани, може да најдеме и во односите со САД“, изјави Османи.

Околу најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека подготвиле документ во кој стојат сите обврски што не се исполнети од Грција, Османи рече дека место да го пишувале требало само да побараат таква листа од МНР, бидејќи имплементацијата на Преспанскиот договор во ова Министерство се следи на дневна основа.

„Да не бараме проблеми кај што нема. Нам ни е важно Грција да биде наш поддржувач. Се надевам дека со градење на добра атмосфера Преспанскиот договор целосно ќе се применува“, порача Османи/

Тој порача притоа дека изборите завршија и дека нема повеќе потреба од креирање на ваква клима во односите со Грција.

Земјава и Грција го потпишаа Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година во Нивици за решавање на спорот со името. 

„Оксиморон е едната страна да бара од другата да го изоди целиот пат, од моментот кога ги нема изодено првите метри, што се однесуваат на првото и основното, ерга омнес за името“, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина. 

Грција претходно се закани со вето ако Македонија не го почитува Договорот од Преспа. 

фото Фејсбук/Бујар Османи

Можеби ќе ве интересира

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра