17 Јули, 2024
0.0249

Интервју Елена Панова , директорка на маркетинг и дигитална трансформација

Осигурување на домот, дополнителна вредност во услугите на А1 Македонија

Објавено во: Мои пари, Интервјуа 14 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

1.  За прв пат на македонскиот пазар, А1 Македонија објави соработка со осигурителна компанија и во својата понуда внесе и осигурителни полиси за осигурување на дом. Од што беше испровоцирана реализацијата на оваа идеја?

А1 Македонија како оператор со над милион и двесте илјади корисници нуди широк спектар на телекомуникациски услуги наменети за сите членови во семејството. Наша определба е постојано да го збогатуваме портфолиото на производи и услуги со цел да одговориме на потребите на корисниците. Токму таа идеја не насочува да размислуваме и на услуги кои не се директно развиени кај нас, но се компатибилни со нашето портфолио на услуги и можеме да ги понудиме во соработка со стратешки партнери. Крајната цел е да им овозможиме на корисниците што е можно поголем дел од врзани или сродни производи да можат да ги обезбедат на едно место. Со понудата за осигурување на домот доаѓаме до остварување на токму таа цел – покрај тоа што можат корисниците да активираат осигурување на уредите кои ги имаат набавено кај нас, исто така можат да го осигураат и својот дом.

2.  Зошто токму осигурување на домот?

Со А1 Combо понудата присутни сме во домот со сите телекомуникациски услуги. Осигурување на домот и опремата за телекомуникациски услуги во таа смисла е услуга со што го заокружуваме и производот А1 Combo овозможувајќи компатибилен сервис, кој на корисниците им овозможува безгрижност и сигурност. Во време кога сме сведоци на сè почести проблеми со инсталациите во домот и сè повеќе имаме потреба од асистенција, сметаме дека осигурувањето на домот и опремата е вистинскиот производ кој на корисниците ќе им даде мир и сигурност дека се заштитени од најчестите штети кои можат да се случат.

3.  Што опфаќа осигурителната полиса и кои се придобивките за корисниците?

Оваа услуга ја нудиме благодарение на соработката со нашиот стратешки партнер Триглав осигурување, што имаат навистина големо искуство во оваа област и се една од водечките осигурителни компании на нашиот пазар.

Осигурителната полиса опфаќа комбинирано осигурување на домот и опремата за телекомуникациски услуги. Осигурувањето покрива штети нанесени на станбениот објект и на покуќнината, како и покритие за готовина, хартии од вредност, скапоцености, лични исправи, документи и друго. Истовремено, ризиците што ги покрива ова осигурување се: пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, лизгање на земјиште, излевање на вода од инсталации и други опасности во домот, провална кражба и разбојништво, асистенција за домот, која што покрива трошоци за водоинсталатерски, електричарски, браварски, стакларски и столарски услуги, во моментот на настанување на штетата, со цел да се спречи уште поголема штета, како и одговорност кон трети лица, односно штети предизвикани кај соседите. Асистенцијата е достапна 24/7 и може да се добие со бесплатен повик кон центарот за грижа на корисници од Триглав.

Дополнителен бенефит е што премијата се плаќа заедно со сметката за останатите телекомуникациски услуги во А1 Македонија и се плаќа месечно, што овозможува да понудиме атрактивен надомест кој може да си го дозволи секое семејство.

4.  За кои корисници се однесува понудата?

Понудата е достапна за сите постојни и за нови резидентни А1 корисници на фиксен интернет или телевизија, со склучување договор за осигурување на 24 месеци, во сите салони на А1. Договорот може да се потпише во било кое време, доволно е само корисникот да има активирана услуга за фиксен интернет или телевизија во домот и да го активира осигурувањето на истата адреса каде што е активирана услугата.

5.  Понудата е активна веќе неколку недели, има ли интерес?

Со задоволство можам да кажам дека уште од првиот ден понудата предизвика интерес – прво затоа што на корисниците им е ново тоа што нудиме услуга од овој тип и сакаат да се информираат за истата, а второ затоа што понудата покрива навистина голем дел потенцијални штети, а месечниот надомест е само 199 денари, без разлика на големината на станбениот објект што се осигурува, што е навистина атрактивно, земајќи ги предвид достапните понуди на пазарот во овој сегмент. Корисниците сè повеќе сфаќаат дека осигурувањето на домот не е само обврска во случај кога имаат хипотекарен кредит, туку придобивка која им овозможува заштита и сигурност во случај на евентуални штети, односно пренесување на ризикот од штети во домот на трети лица, во случајот на осигурителна компанија.   

6.  Дали интересот е сигнал за збогатување на понудата во овој сегмент и што можат да очекуваат вашите корисници?

Апсолутно, првите резултати говорат за тоа дека нашите корисници сакаат да избегнат задржување на повеќе продажни места за активирање на различни услуги и ја поздравуваат идејата да можат да ги добијат услугите на едно место. Од друга страна, плаќањето на премијата во месечни рати и заедно со месечната претплата за А1 Combo или други фискни услуги е навистина голема предност. Ние ќе продолжиме со нашите заложби да го прошируваме портфолиото на услуги со дополнителни сервиси во соработка со стратешки партнери и тоа не само од областа на осигурувањето, туку и од други сродни области каде гледаме дека има интерес на пазарот и можеме да го подобриме корисничкото искуство.

Можеби ќе ве интересира

Добро позната и најпосетувана - Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Добро позната и најпосетувана - Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Голем успех: Hisense постигна двоцифрен раст на приходите во првата половина од годината

Голем успех: Hisense постигна двоцифрен раст на приходите во првата половина од годината

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА МК ЕНДУРО ТЕАМ ВОДНО СКОПЈЕ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА МК ЕНДУРО ТЕАМ ВОДНО СКОПЈЕ

mSTART Kalimera од МТЕЛ бидејќи секој ден на море заслужува пост

mSTART Kalimera од МТЕЛ бидејќи секој ден на море заслужува пост

Спонзорство на Новоматик за ФК Вардар вистински пример за општествена одговорност, ќе го следат ли и други?

Спонзорство на Новоматик за ФК Вардар вистински пример за општествена одговорност, ќе го следат ли и други?

Отворени се пријавувањата за трката Халк Вело Грин, која ќе се одржи на 8. септември во Маврово

Отворени се пријавувањата за трката Халк Вело Грин, која ќе се одржи на 8. септември во Маврово

Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки

Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки

ЏЕКПОТ МАНИЈА ТУРНИР ЗА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА ТУРНИР ЗА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2win.мк

А1 Македонија со најсовремени решенија за заштита од малициозен софтвер и хакерски напади

А1 Македонија со најсовремени решенија за заштита од малициозен софтвер и хакерски напади