14 Декември, 2025
0.0579

Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања

Објавено во: Економија 21 Септември, 2023 09:59

Добивај вести на Viber

Половина од вкупниот број на исплатени штети се за покривање медицински трошоци осигурани со приватно здравствено осигурување. Од штети покриени со каско осигурување сопственици на моторни возила наплатиле над 1 милиони евра. Над 500 наши сограѓани во август побарале и добиле обештетување од 100.000 евра за штети покриени со патничко осигурување за патување во странство

Сите осигурителни компании за неживотни осигурувања само во август годинава исплатија над 9.800 штети вредни 312,5 милиони денари (5,1 мил. евра). Споредбата на податоците покажува дека осигуреници кои имале штети покриени со осигурување наплатиле 22 отсто (57,3 милиони денари) повеќе во споредба со истиот месец 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.

Најголеми растови на исплатени штети во август годинава во споредба со истиот месец лани има кај каско осигурувањето на моторни возила и кај приватното здравствено осигурување. За осигурени штети покриени со каско осигурување сопствениците на моторни возила во август наплатиле 63,4 милиони денари (1,03 мил.евра). Тоа е за 58 отсто повисок износ на исплатени штети во однос на август 2022 година.

За медицински трошоци покриени со приватно здравствено осигурување во август осигуреници наплатиле 45,1 милиони денари (над 733.000 евра) и тоа е за 56 отсто повеќе од истиот месец лани. И во август продолжува трендот најголемо учество во вкупниот број на исплатени штети да имаат токму штетите кои се неменети за покривање на медицински трошоци. Половина од сите исплатени штети во овој месец се однесуваат на приватно здравствено осигурување.

Од штети врз осигуран имот во овој месец осигуреници наплатиле 21,2 милиони денари (345.000 евра). Актуелно во период на летни одмори е и патничкото осигурување кое покрива штети при летување во странство. По ова осигурување компаниите на осигуреници им исплатиле 6,3 милиони денари (над 100.000 евра), што е за 17 отсто повеќе од истиот месец лани.

Очекувано, најголем износ на исплатени штети има кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО) кое е всушност и најголема осигурителна класа. Во август се исплатени 153,8 милиони денари (2,5 мил.евра) и тоа е за 17 отсто повеќе од лани.

Во вкупниот износ на исплатени штети во август „Уника“ учествува со 12 отсто, „Триглав осигурување“ со 12,7 отсто, „Винер ВИГ“ со 11 отсто, „Сава осигурување“ со 13,8 отсто, а „Осигурителна полиса“ со 5,9 отсто. Учеството на „АДОР Македонија ВИГ“ е 8,7 отсто, на „Евроинс осигурување“ е 4,4 отсто, „Еуролинк“ учествува со 10,4 отсто, „Кроација осигурување – неживот“ со 10,9 отсто, „Халк осигурување“ со 8,4 отсто и „Граве неживот“ со 1,8 отсто. 

Повеќе детални податоци за работата на компаниите за осигурување живот на следниот линк https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји