ОРБАН СО ОСТРА КРИТИКА КОН ГЕРМАНЦИТЕ: „Порано беа земја на ред и вредни луѓе, сега...“
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2024 21:08
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во петокот го посети Берлин, а пред средбата со канцеларот Олаф Шолц, во интервју ја критикуваше имиграциската политика на Германија.
- Германија денес не изгледа како пред десет години... оваа Германија веќе не е Германија што ни ја дадоа нашите дедовци и родители за пример - изјави Орбан за унгарското државно радио Кошут пред средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Орбан објасни дека некогаш било кажано дека Германија е „земја на ред и вредни луѓе“.
Денеска Германија е шарен, изменет мултикултурен свет каде што мигрантите повеќе не се гости – рече унгарскиот премиер.
Тој додаде дека проблемот е што „левичарската влада“ во Берлин „масовно ги дели германските пасоши“.
Критики и против Урсула фон дер Лајен
Мигрантите веќе не се гости на германските домаќини, но сега имаат свое право – заклучи Орбан. Тој уште еднаш повтори дека ја донел вистинската одлука во 2015 година кога не дозволи бегалците да останат во Унгарија.
Во истото интервју тој ги критикуваше и кадровските планови во Брисел кои упатуваат на реизбор на Урсула фон дер Лајен, која е „производ на коалицијата за војна и миграција“ и го обвини претседателот на Европската народна партија, Германецот Манфред Вебер, на водечките европски конзервативци од десницата и се обидува да ги спроведе „плановите на Сорос“.
За разлика од обичајот при работните посети, по средбата не е предвидена прес-конференција, а германските медиуми пишуваат дека откажувањето на средбата со медиумите и избегнувањето на фотосесијата е „желба на канцеларската канцеларија“.
Шолц и Орбан оваа недела присуствуваа на натпреварот Германија-Унгарија на Европското фудбалско првенство, но не седнаа еден до друг.
Орбан е еден од најжестоките критичари на отворената миграциска политика на германската влада, особено во времето на канцеларката Ангела Меркел.
Можеби ќе ве интересира
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




