14 Декември, 2025
0.0420

ОРБАН НЕ ОТСТАПУВА: На состанокот на Европскиот совет треба да се воздржиме од приказната за членство на Украина во ЕУ

Објавено во: Свет 08 Декември, 2023 06:29

Добивај вести на Viber

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, најави дека Европската унија треба да се воздржи од разговори за пристапните преговори на Украина во ЕУ, за време на претстојниот декемвриски состанок на Европскиот совет (EUCO).

- Имав искрен телефонски разговор со шпанскиот премиер Педро Санчез. Мојата порака е јасна – треба да се воздржиме од разговори за прием на Украина за време на декемврискиот состанок на ЕУКО, бидејќи нема единство меѓу членките на европскиот блок по ова прашање – изјави Орбан на платформата Х (Твитер).

По разговорот со Орбан се огласи и премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

- Зборував со мојот унгарски колега за напредокот на Украина кон пристапувањето во ЕУ, пред состанокот на Европскиот совет следната недела. Проширувањето (ЕУ) е инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет. Како актуелен претседател на Европскиот совет, Шпанија ќе стори се за да се постигне консензус меѓу 27-те членки и да се одржи финансиската и воената помош за Украина по руската инвазија. Одбраната заснована на меѓународното право е еден од темелите на ЕУ – напиша Санчез на Х.

Новости.рс

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина