ОПШТИОТ РАБОТНИК ГО „ЗАСЕНИ“ И ХИГИЕНИЧАРОТ - како се смени сликата на најбараните занимања во земјава
Објавено во: Економија 12 Август, 2022 07:36
Занимањето дефинирано како општ работник е убедливо најбарано во земјава, и за него има дури 814 слободни работни места.
Со толку слободни работни позиции ова занимање изби на убедливо прво место на листата на 25 најбарани, надминувајќи го дури и занимањето хигиеничар на станбен и деловен простор, кое долг период наназад од можеби неколку месеци беше постојано на првата позиција на најбарани занимања.
А не дека сега не се бараат хигиеничари. Тоа занимање, за жал на сите економисти, правници, доктори и програмери, повторно е доста барано, односно е на второ место, со слободни работни 661 позиција.
Агенцијата за вработување постојано објавува анализа на слободни работни места, и буквално на дневна основа ги ажурира податоците за тоа каде граѓаните најлесно можат да најдат вработување.
Фактор пред два месеци објави анализа за тоа кое е најбарано занимање, и тоагаш имаше 666 слободни работни места за хигиеничар, така што тогаш, а и долго време после тоа, оваа позиција беше најпотребна за работодавачите во земјава. Но, деновиве ги претркала побарувачката за општ работник, работна позиција која и претходно беше меѓу најбараните во државава.
Трката за продавачи стана веќе хронична кај маркетите, па за да ги придобијат нудат дури и повисоки плати и повеќе слободни денови, за разлика од порано кога ова занимање беше меѓу убедливо најслабо платените во државава. Во моментов, според најновата анализа на Агенцијата, која секојдневно се ажурира врз основа на огласените пријави за потреба на работници од страна на работодавачитре, низ домашните маркети и продавници им се потребни 590 продавачи.
И, после овие три најбарани занимања има голема празнина, бидејќи четвртата позиција е за занимањето шивач, со 264 слободни места, што е речиси тројно помалку слободни позиции во споредба со претходните занимања.
После овие занимања според бројот на барани следуваат келнер, возач на камион, администратор, административен службеник, возач на товарно возило, магационер, градежен работник, шанкер и слично.
Занимањето програмер е на 16 место според бројот на работници што се бараат, и тоа за него се слободни 108 работни места, говори Анализата на Агенцијата за вработување.
Кога станува збор за слободни работни места по дејности, преработувачката индустрија е убедливо на прво место со слободни 2.304 места, а потоа е трговијата на големо и мали, каде што можат да се најдат 1.567 отворени работни позиции.
Потоа доаѓа, со 1.056 места, административни и помошни услужни дејности, а на четвро место со 723 слободни места се градежништвото, а со 626 места дејноста транспорт и складирање е на петта позиција.
И, ако сакате да се вработите најлесно, главниот град на земјава Скопје, дефинитивно има потреба од најмногу работници, дури 5.211, а по него следува Прилеп со 521 и Битола со 463. Тетово со 461 и Штип со 449 слободни работни места, а потоа доаѓаат другите градови.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар




