02 Мај, 2024
0.0256

Општините го чекаат ребалансот како ладна вода: Ќе се радуваат ли Теута Арифи, Стојаноски, Стефан Богоев?

Објавено во: Економија 24 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Се бројат денови до референдумот, но и до октомври, месец во кој најверојатно ќе има и ребаланс на буџетот. Иако надлежните постојано тврдеа дека ребалансот не е потребен затоа што приходите добро се реализираат, затаија и капиталните инвестиции. Една од големите причини за ребалансот е и потребата да се најдат пари за раздолжување на општините. Иако Владата не може директно да им помага на општините, најверојатно ќе се најде начин како најзадолжените општини да ги вратат парите за набавки, но и кон училишта и градинки, трупани со години. Никој до сега не прецизираше колкав е вкупниот долг на општините, иако премиерот Зоран Заев уште кога најави мерка за раздолжување на општините, на стартот на оваа година, тврдеше дека тој надминува сто милиони евра. Сега се тврди дека пресметките уште се прават. Во меѓувреме, годинава, ревизорски извештај покажа дека ситуацијата на терен е поразителна. Имаат долгови, а трупаат и нови, а голем дел од општините функционираат и со блокирани сметки.

Се тврди дека нема податоци, но во Ревизорскиот извештај стоеше дека на крајот на 2016 година, општините во земјава имаат неподмирени обврски кон добавувачи од над 80 милиони евра. Но на тој долг има и камати, па вкупниот долг се сметаше дека е 120 милиони евра. Според податоци, до средината на минатата година, најгоелми должници се општините Охрид, Тетово, Карпош, Струга и Чаир.

Охрид должел над 11 милиони евра, Тетово над осум милиони евра, додека Карпош околу 7,7 милиони евра. Четврта најзадолжена општина е Струга со долг од 3,6 милиони евра, додека Чаир должел 2,3 милиони евра. Куманово должи два милиони евра, а има и уште дваесетина други општини чиј долг е над еден милион евра.  

Ревизорите открија дека постои големо несогласување во евиденцијата на општините и бројките кои ги има Министерството за финансии за износот на обврските особено по основ на извршни судски решенија. Многу од општините не го почитуваат законот за финансиска дисциплина, а и блокирани трупаат нови долгови. Во блокада општините имаат лимит за трошење со кои ги подмируваат тековните обврски, но не можат да трошат за нови инвестиции.

„Конечното решение за оние затекнати стари долгови е преку начинот на кој што дрќавата ќе им помогне на општините во враќање на долговите. Најголем дел од тие долгови се кон училиштата, детските градинки и другите образовни институции. Верувам дека со ребалансот во октомври сите овие средства ќе бидат алоцирани за трајно да се реши проблемот, рече пред неколку дена премиерот Заев.

Кога најави дека ќе има ваква мерка на стартот на оваа година тврдеше дека најверојатно ќе се земе кредит од 120 милиони евра. Велеше дека тоа ќе биде заем со најповолни услови кој потоа ќе им биде префрлен на локалните самоуправи и тие ќе ги враќаат средствата можеби и на 20 години.

Тогаш беше соопштено дека над 95 отсто од долгот е кон домашните компании, кои работеле за сметка и во име на општините.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?