Опрема на американски војник од летало падна врз живеалиште во Неготино
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2022 13:50
Војнички ранец, најверојатно на припадник на безбедносните сили на САД, паднал од небото на кров од куќа вчера во Неготино. Огранокот на Левица известува дека опремата паднала од летало. Инаку во близина на Неготино е армискиот полигон Криволак.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдуваат инцидентот и откриваат дека е нанесена материјална штета која ќе биде надоместена.
– Вчера во ОВР Неготино, 35-годишниот Б.С. од Неготино пријавил дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и оштетила неколку ќерамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино. Предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ке биде надоместена – велат од МВР. за „Плусинфо“.
„И покрај брзата реакција на воената полиција и нашите ‘пријатели‘ од НАТО, сепак истото не остана незабележано од наши сограѓани. Се прашуваме, доколку паднал ранец од летечки објект, дали постои опасност да падне нешто значително ризично и фатално по животот и здравјето на неготинци? И што ако овој објект – предмет паднеше на место каде има голема фрекфенција на луѓе?
Немоќни да го заштитат и регулираат сопствениот простор како резултат на губење на суверенитетот, НИЕ бараме соодветните институции да сносат одговорност и да го расветлат случајот во најкраток можен рок“, напиша претходно Левица на Фејсбук и објави фотографии.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





