Опозицијата бара да се прогласи вонредна состојба, велат ова е гасна комора
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2019
ВМРО-ДПМНЕ бара да се прогласи вонредна состојба поради загадувањето.
„Ова не е магла, ова не е само загаден воздух, ова е гасна комора“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Побара Владата во координација со Град Скопје да прогласи вонредна состојба, да се преземат вонредни мерки во училиштата, институциите и градилиштата.
„Се поинаку од итна интервенција, е намерна негрижа, намерно изложување на опасност на жителите на Скопје и намерно загрозување на здравјето и на иднината на Република Македонија“, рече Стоилковски.
Тој додаде дека мерните станици не работат, односно работи само една, а вредноста на ПМ честичките изнесува 212, 112 над 100-ката која што се мери на ПМ10 честички, на единствената мерна станица која што работи од 6-те во Општина Аеродром.