26 Април, 2024
0.0279

Онлајн промоција на „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски

Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

На 18 јуни (четврток), во 19 часот, ќе се одржи онлајн промоција на книгата за деца „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промоцијата ќе се одвива на платформата „Зум“ (Zoom), а ќе може да се проследи на „Фејсбук“ преку профилот на „Литература.мк“.

Станува збор за интересна книга, наменета за сите љубопитни деца, кои сакаат да дознаат повеќе за ретките животни. Приказната се движи околу Будимир. Благодарение на нотесот на неговиот татко, Будимир собира шест ретки животни, а секое од нив е последниот примерок од својот вид. Но, како да се живее со една зајадлива птица и со другите палави суштества покрај секојдневните обврски? Авантурата почнува кога сите ќе тргнат во посета на Домот за стари лица... Духовита приказна што нè потсетува на тоа дека нас, како луѓе, нè определува и нашиот однос кон животните.
Книгата „Будимир и ретките животни“ најпрвин е објавена во 2013 година, на српски јазик во издание на „Креативни центар“.

Зоран Пеневски (Панчево, 1967 г.) е писател, сценарист и преведувач. Автор е на романите „Лектор“ (СКЦ Нови Сад, 2015), „Траги од отсуство“ (Океан, 2008), „Помалку важни злосторства“ (стипендија од фондот „Борислав Пекиќ“, Океан, 2005 година) и други. Има напишано сценарија за стрип-албумите „Корпоративен пандемониум“ (цртежи на А. Золотиќ, Бесна кобила, 2015; награда од ULUPUDS за стрип на годината), „Des Rivierès sur les Ponts“ (цртежи на Г. Јосиќ, Делкурт, 2004), „Филип и Олга ‒ книжари“ (цртежи на Д. Павлиќ; Систем стрипови, 2012). Со Ивица Стевановиќ е ко-автор на првиот српски графички роман „Љубезни трупови“ (СКЦ Нови Сад, 2004; Комико, 2011) и на стрипот „L’Anatomie du Ciel“ (Les Humanoides Associès, 2006). Има објавувано приказни, текстови, прегледи, критики и есеи (за литература, стрипови, музика, илустрации и др.) во списанијата „Свеске“, „НИН“, „Време“, „Вечерње новости“, „Данас“, „Арт 032“, „Квадарт“, „Књижевна реч“, „Реч“, „Повеља“, „Детињство“, „Летопис Матице српске“, „Ритам“ и др. Има преведено повеќе од педесет книги (од англиски, германски и македонски јазик) и има уредено повеќе од сто изданија. Негови дела се преведени на англиски, француски, холандски и на македонски јазик.

Книгата е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ и онлајн  на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14127

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”