17 Декември, 2025
0.0506

Оние што трошат повеќе да плаќаат поскапо, РКЕ ги објави тарифните блокови

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2022 18:54

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави тарифните блокови за новите сметки за струја, а во среда ќе ги објави и цените. 

Идејата е тие што трошат повеќе да плаќаат поскапо. Скалестото тарифирање би требало да се однесува само на потрошената електрична енергија во висока (скапа) тарифа. Според денеска презентираните информации, би требало се воведат четири блока. Најскапа струја ќе плаќаат оние кои трошат повеќе од 1 050 kWh електрична енергија во скапа тарифа.

Регулаторната комисија денеска ги соопшти четирите тарифни блока кои ќе бидат клучни при пресметката на сметките за електричната енергија за домаќинствата. Според најавите, електричната енергија во пониските блокови ќе чини поевтино, додека оние што трошат повеќе ќе плаќаат поскапо.

При одредувањето на тарифниот блок ќе се зема во предвид само потрошената електрична енергија во висока тарифа (скапа струја):

  • прв тарифен блок: од 0 до 210 kWh;
  • втор тарифен блок: од 210 kWh до 630 kWh;
  • трет тарифен блок: од 630 kWh до 1 050 kWh;
  • четврт тарифен блок: над 1 050 kWh.

За пример, струјата за домаќинствата во скапа тарифа во моментов е 7,32 денари додека пазарната цена е околу 15 денари за kWh.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди