15 Мај, 2024
0.0627

ОН и воведоа супер тешки санкции на Северна Кореја

Објавено во: Свет 20 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Советот за безбедност на ОН воведе широк спектар на тешки казни на Северна Кореја, вклучувајќи и санкции на поединци поради извршените тестови на нуклеарни и балистички проектили кои се во прекршување на резолуциите на меѓународната организација.

САД, Јапонија и Јужна Кореја, исто така воведоа санкции на Пјонгјанг, кои сепак не се задолжителни за другите земји, соопшти Reuters.

Во црната листа на ОН влегуваат 39 Севернокорејци и 42 лица кои се предмет на забрана за патување и замрзнување на средства.

Земјите членки на организацијата се обврзани да ги применуваат санкциите кои се длабоки и сеопфатни. Сепак многу од ограничувањата содржат сиви зони и исклучоци, кои се предмет на интерпретација.

Оружје

Северна Кореја е под тотално ембарго за оружје. Продажбата на секакви оружја и поврзани материјали е забранетО. Сите финансиски трансакции поврзани со снабдувањето со севернокорејско оружје, исто така се предмет на санкции.

Ембаргото е во сила од 2006 година и беше проширено во 2009 година, вклучувајќи мали оружја и лесно вооружување. На Пјонгјанг му е забрането и да продава хеликоптери.

Минерали

На Северна Кореја и е целосно или делумно забрането да продава јаглен, железо, железна руда, злато, титаниумска руда, ванадиум руда, бакар, никел, сребро, цинк и ретки земни минерали.

Извозот на јаглен е ограничен до 400 милиони долари или 7,5 милиони метрички тони годишно, што е пониско, под услов земјите членки на ОН да не купуваат јагленот од санкционирани лице и можат да докажат дека јагленот се користи за обезбедување на егзистенција.

Најголемиот трговски партнер на Пјонгјанг - Кина соопшти дека ќе го прекине увозот на севернокорејски јаглен до крајот на годината, како дел од напорите за спроведување на санкциите.

Продажбата на севернокорејски бакар, никел, сребро и цинк е целосно забранета.

Горива

Само продажбата на воздухопловно гориво, гориво за авиони и проектили на Северна Кореја се забранети од страна на ОН. Забраната не важи за цивилната авијација, вклучувајќи го државниот авиопревозник Air Koryo. Нема ограничувања на суровата нафта и други нафтени производи.

Банки и финансиски операции

Секакви финансиски услуги, кои придонесуваат за развојот на забранети нуклеарни и ракетни програми на Пјонгјанг или му помагаат да ги избегне санкциите, се забранети од страна на ОН.

На земјите членки им е забрането да отвораат филијали, подружници или претставништва на севернокорејските банки на своја територија. Заеднички вложувања, сопственост или соодветни банкарски односи со банки на Пјонгјанг исто така се забранети.

Земјите од ОН се обврзани да протеруваат и ги депортитаат сите лица на своја територија, кои работат за севернокорејски банки или институции и да го ограничат бројот на банкарските сметки на дипломатските мисии на Пјонгјанг.

Превоз на стоки

Земјите се обврзани да го одрегистрираат секој пловен објект, кој е во сопственост употребен или со екипаж од Северна Кореја, а бродовите на Пјонгјанг не можат да пловат под странско знаме, што е еден од начините за избегнување на забраната. На земјите од ОН исто така им е забрането да обезбедат услуги за осигурување на севернокорејски бродови.

Товари

Земјите од ОН се обврзани да го проверуваат секој товар наменет кој доаѓал од или транспортира со посредство на Северна Кореја, без разлика дали е транспортиран од воздух, море, со патен или железнички транспорт. Ова вклучува проверка на чекиран и рачнен багаж на луѓето кои патуваат од и до изолираната држава

Луксузни стоки

Санкциите на ОН забрануваат директна или индиректна испорака на луксузни стоки во Северна Кореја. Такви се накит и скапоцени камења, јахти, луксузни автомобили, тркачки автомобили, луксузни часовници, моторни санки, авиони, забавна и спортска опрема, прибор за јадење во вредност од повеќе од 100 долари и килими или гоблени, кои чинат повеќе од 500 долари.

Дипломати

Резолуциите бараат земјите членки да го ограничат бројот на вработените во дипломатските мисии на Северна Кореја. На севернокорејските дипломати или дипломатски службеници им е дозволена само по една банкарска сметка. Користењето на недвижности за секакви недипломатски или конзуларни активности на територијата на земјите членки е забрането.

Обука

Обуката на или од Севернокорејци воени, полициски или паравоени сили техники е забрането. Со исклучок на медицински размени, земјите од ОН немаат право да обезбедуваат обука или соработка во областа на нуклеарната наука, воздушната, технолошкото производство или воздухопловство, хемиско, механичко, електрично или индустриското инженерство.

Статуи

Продажбата на севернокорејски статуи исто е забранета од ОН.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува