20 Декември, 2025
0.4311

ОМД: Македонските лидери со скрстени раце ќе си останат и Бугарите ќе не играат како што сакаат

Објавено во: Македонија 18 Април, 2022 15:40

Добивај вести на Viber

Oд Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) реагираат дека Преспанскиот договор ги отвори портите да не играат како што сакаат и додаваат дека посетата на бугарските политичари Кирил  Петков, Илијана Јотова, Теодора Генчовска и  Екатерина Захариева е последица на тој договор. 

Велат дека властите во Македонија дозволија клуб посветен на Ванчо Михаилов, соработник на Мусолини и Хитлер, во демократска Македонија и дојдоа највисоките бугарски лидери да го отворат во Битола каде започна депортацијата на македонските Евреи за време на Втората светска војна од страна на Бугарските Нацифашистичка армија. 

„Во петокот вечер започна Пасех, Еврејскиот верски празник - во саботата се уште им беше верски празник и цела недела. Македонија нема да отвори ништо во Бугарија, да не се лажeме. Македонското малцинство во Бугарија ќе продолжи да биде колатерална штета на некомпетноста на нашата македонска дипломатија на чело со Бујар Османи кој доаѓа од партија која статуи и на нацисоработници поставуваше низ западна Македонија. Македонските лидери со скрстени раце ќе си останат и Бугарите ќе не играат како што сакаат, и ни ЕУ нема да не прими. А ние на социјални мрежи ќе се жалиме и ништо нема да правиме како и обично. Но, браво до битолчаните кои излегоа и протестираа!“, додаваат од ОМД. 

Не запираат реакциите по отворањето на бугарскиот културен клуб што го носи името на Ванчо Михајлов. Од Еврејската заедница во Македонија истакнаа дека клубот е именуван по соработник на Хитлер и според нив, овој чин не е во духот на добрососедските односи. Од ВМРО-ДПМНЕ порача Македонски културни клубови Бугарија да отвори во Сандански, Софија, Благоевград ако навистина се залага за добрососедство.  Бгарските политичари беа во посета на Битола и Охрид викендов. 

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки