14 Декември, 2025
0.1857

Оливер Спасовски: Куманово е ослободено од македонските партизани

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020 11:12

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски запрашан за изјавата на премиерот Зоран Заев за бугарскиот БГНЕС рече дека неговото Куманово го ослободиле македонските партизани

- И моето Куманово е ослободено од македонските партизани на 11 ноември од борците против фашизмот и Македонија е ослободена од борците на Народно-ослободителната борба против фашизмот. Куманово многу години негува идеологија која значи борба за развој, демократија и посветла иднина, рече Спасовски.

Министерот ова го одговори запрашан за коментарот на Заев за изјавата во интервјуто дека „Имало некогаш некоја администрација, во тој момент, на почетокот, а потоа Бугарија се дига заедно со антифашизмот, се бори за слобода, за демократија и апсолутно е дал од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваат територии – Крива Паланка, Куманово, Скопје и во целиот овој дел“.

Спасовски повика да не се дозволи тоа што се случувало пред седум-осум децении да биде пречка за нашето одење напред, а историјата да се остави на историчарите и иднината да ја земеме во нашпи раце.

- Многу е важно уште еднаш да се повторат некои факти. Македонија ја оствари својата сувереност во АСНОМ-ска Македонија и нашата држава почива на антифашизмот. Европските народи се договорија да не заборават, меѓутоа и да си простат за да одат напред. Посебно треба да се истакне дека за македонскиот јазик и македонскиот идентитет никој не смее да разговара и преговара, бидејќи се работи за самоопределување, повика Спасовски.

На едно од новинарските прашања рече дека МВР сериозно работи на говорот на омраза на социјалните мрежи, но не специјално за оној насочен кон Бугарија.

- Ние работиме сериозно во овој дел и во јакнење на нашите капацитети како човечки ресурси и материјални средства на откривање на комјутерскиот криминал, бидејќи најчесто говорот се шири на социјалните мрежи.  Превземени се одредени дејствија на фејсбук-групи, но не специјално за ова што ни се случува со Бугарија, туку генерално на целиот говор на омраза, додаде тој.






Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено