02 Јуни, 2024
0.0257

Оланд под истрага-со државни пари го финансирал „раскошниот живот“ на Валери

Објавено во: Свет 15 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

По приватна пријава од наследникот на францускиот синџир на самопослуги „Касино, францускиот претседател Франсоа Оланд се соочува со истрага, пишуваат британските медиуми.

Според весниците во Лондон, Оланд е обвинет дека со државни пари го финансирал „раскошниот живот“ на својата доскорешна партнерка Валери Тривилер, како и затоа што „не го пријавил заедничкиот имот“ што го стекнал за време на заедничкото живеење со донеодамнешната „прва дама“ на Франција.

Засега не се знаат вистинските мотиви на Хавиер Кемлин,чиј прадедо го создал „Касино“ за покренувањата на обвинувањата и за пријавата против Оланд, но лондонските медиуми велат дека Елисејската палата одбива да реагира на обвинувањата на францускиот милионер.

Кемлин уште тврди дека Оланд треба да биде повикан на одговорност и затоа што дозволил со државни пари да се плати специјалната полициска заштита за децата на Ана Идалго,кандидат за градоначалник на Париз од Социјалистичката партија на францускиот претседател.

Оланд се обвинува дека извршил „злоупотреба на позицијата“ овозможувајќи ја кандидатурата на Сеголен Ројал, негова поранешна партнерка, да се кандидира за потпретседстел на француската Инвестициска банка, чиј доминантен сопственик е државата.

Ројал и Оланд беа заедно 30 години и од таа врска се нивните четири возрасни деца. Британските медиуми кои посветија голем внимание на последната афера на Франсоа Оланд,откако беше откриено дека тој имал тајна врска со една француска актерка, 20 години помлада од него,и понатаму се интересираат за целит случај и за францускиот претседател.

Медиумите во Лондон сметаат дека шефот на државата не може да го сокрива од француските гласачи случајот, повикувајќи се на правото на приватност, објаснувајќи дека во Велика Британија не би можело да се случи да помине сокриено и без последици, еден таква љубовна афера со некој британски премиер.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ТРИТЕ МЛАДИ ЛИЦА ЗА КОИ ПЛАЧЕ ЦЕЛ СВЕТ: Прегрнати заминаа во смрт (ВИДЕО)

ОВА СЕ ТРИТЕ МЛАДИ ЛИЦА ЗА КОИ ПЛАЧЕ ЦЕЛ СВЕТ: Прегрнати заминаа во смрт (ВИДЕО)

ПОПЛАВИ НА ЈУГОТ НА ГЕРМАНИЈА! Пукна брана, затворот евакуиран, жителите се спасуваат со хеликоптери (ВИДЕО)

ПОПЛАВИ НА ЈУГОТ НА ГЕРМАНИЈА! Пукна брана, затворот евакуиран, жителите се спасуваат со хеликоптери (ВИДЕО)

НА ЕВРОПА И СЕ ЗАКАНУВА НОВ НЕВООБИЧАЕНО ЛАДЕН БРАН - Попоски најавува многу дожд, но и снег

НА ЕВРОПА И СЕ ЗАКАНУВА НОВ НЕВООБИЧАЕНО ЛАДЕН БРАН - Попоски најавува многу дожд, но и снег

УАПСЕН ПОЗНАТ МИЛИОНЕР: Поранешен сопственик на голема компанија обвинет за злоупотреба на малолетници

УАПСЕН ПОЗНАТ МИЛИОНЕР: Поранешен сопственик на голема компанија обвинет за злоупотреба на малолетници

Што значи пресудата против Трамп за изборите

Што значи пресудата против Трамп за изборите

ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА ДОШЛА ВО ПОСЕТА НА РОДИТЕЛИТЕ - од трагедијата не успеаа да се спасат ниту со прегратката (ВИДЕО)

ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА ДОШЛА ВО ПОСЕТА НА РОДИТЕЛИТЕ - од трагедијата не успеаа да се спасат ниту со прегратката (ВИДЕО)

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

БАЈДЕН ЗА ПРЕСУДАТА ПРОТИВ ТРАМП: Никој не е над законот

БАЈДЕН ЗА ПРЕСУДАТА ПРОТИВ ТРАМП: Никој не е над законот

ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА: Mомче и две девојки исчезнаа

ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА: Mомче и две девојки исчезнаа