Окупиравме важно пристаниште во Мариупол, велат проруските сепаратисти во Доњецк
Објавено во: Свет 11 Април, 2022 19:17
Окупиравме важно пристаниште во Мариупол, велат проруските сепаратисти во Украина.
Лидерот на проруските сепаратисти во Доњецк, Денис Пушилин изјави дека неговите сили целосно го окупирале пристаништето на стратешки важниот град Мариупол, во југоисточна Украина.
„Што се однесува до пристаништето во Мариупол, тоа веќе е под наша контрола“, вели Пушилин.
Пушилин претходно изјави дека неговите сили ќе ги засилат напорите да го окупираат целиот украински регион Доњецк.
Украинските сили велат дека можеби ги чека последната битка за Мариупол против Русија.
„Денеска веројатно ќе ја имаме последната битка, ни снемува муниција. Тоа ќе биде смрт за некои, а заробеништво за останатите“, објавија на Фејсбук.
foto EPA/Marcin Bielecki
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




