14 Декември, 2025
0.0395

Околу 2700 неформални собирачи на отпад треба да се групираат во групи и да даваат услуги на ЈКП или општините

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2023 15:41

Добивај вести на Viber

Интегрирањето на неформалните собирачи на амбалажен отпад во формален систем е нешто од што сите би имале корист. Самите неформални собирачи добиваат можност за стабилни и сигурни приходи на долг рок и здравствено осигурување,  државата дополнителен прилив на приходи и намалување на сивата економија, додека општините почисти улица, и непостоење на грда слика од расфрлан отпад околу контејнерите.

Ова е заеднички заклучок од дебатата "Презентирање на наодите од истражувањето за  состојбата со неформалните собирачи во РС. Македонија и можности за нивна интеграција во формалната економија".

Според Филип Ивановски од Пакомак, компанија која ја поддржа реализацијата на ова истражување, групирањето на неформалните собирачи во социјални групи или правни субјекти кои заедно и организирано ќе настапуваат и ќе соработуваат на пример со јавното Комунално претпријатие е добро и реално решение.

Сиромаштијата, дискриминацијата, немањето формално образование и можност за вработување, како и потребата од дополнителен приход се главните причини да се биде неформален собирач на отпад. Приходите кои се остваруваат од оваа дејност се главниот мотив за оваа дејност, покажа истражувањето кое низ земјава го спроведе Иницијативата за социјални промени-ИнСок.

Самата дискусија се фокусираше на резултатите од истражувањето и на можностите за подобрување на условите на неформалните собирачи на отпад.

Околу 2500-3000 луѓе се неформални собирачи на амбалажен отпад, 84% од нив се Роми, на различна возраст, а најголем дел се околу 40 годишна возраст. Тоа се социјално загрозени категории, кои сиромаштијата ги принудува на таа дејсност. Една третина од нив покажа истражувањето дека сакаат да бидат дел од формалните институции, половина дека би сакале да с едел од ЈКП или во некои приватни компании, додека 30% изјавиле дека би продолжиле индивидуално. Доколку се формално пријавени би очекувале плати од 25-35000 денари и повеќе. Здравственото осигурување не е клучен фактор ниту мотиватор за формализирање на нивната работа.

Според министерот за локална самоуправа г. Ристо Пенов тие се важен сегмент од јавната хигиена, и моментално многу ја нагрдуваат сликата за хигиената во општините, посебно делот околу контејнерите, и затоа е важно да се вклучат во формален систем. 

Клучот е кога ниедно дете  нема да оди на улица. Кога тие ќе се дообразуваат и ќе се знае нивниот статус. Поразителен е фактот дека само 5%  од вкупниот собран отпад во државата се рециклира, изјави Ана Каранфилова Мазневска, од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Истражувањето е од исклучителна важност за преземање на мерки и поддршка на неформалните собирачи на отпад. Нивната улога во превенцијата на загадувањето на животната средина е неоценлива, а потребно е да ги поддржиме и стимулираме за да продолжат со она што го прават, но како дел од организираниот систем на собирање.” – смета Енвер Хусејин, заменик министер за труд и социјална политика.

Со оваа  панел дискусија, Пакомак го продолжува својот ангажман во поддршка на одржливото управување со амбалажните отпадоци и заштита на животната средина. Давајќи придонес во подобрувањето на условите на неформалните собирачи на отпад, нивна интеграција во системот на управување со отпад, промоција на алтернативни начини на соработка и нивна социјална инклузија.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија