ОЈО отвори истрага за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2018 16:57
Основното јавно обвинителство по повеќе од една година од пријавите отвори истрага за начинот на кој е избран Талат Џафери за претседател на македонското Собрание.
Случајот се активира, дознава 24 Вести, по поднесена пријава од здружение на граѓани за почитување на прописите со седиште во Битола.
Од Обвинителството за организиран криминал за телевизијата откриле дека за десетина дена се повикани дел од пријавените 67 пратеници за да се испита дали имало велепредавство, насилство спрема претставниците на највисоките државни органи, злоупотреба на службената положба, противзаконито посредување и самовластие, според пријавата.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




