17 Мај, 2024
0.0275

Охриѓани плаќаат најскап кашкавал, Тетовчани најскапо гравче - ценовното цунами се уште не попушта

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Ценовното „цунами“ кое според економистите треба од есенва да покажува знаци на постепено слабеење, значително го погоди животниот стандард на Македонците. Иако цените се зголемуваат насекаде, не само кај нас, сепак, земјава има меѓу највисоките стапки на раст на инфлацијата, но и меѓу најниските плати во регионот и пошироко што ги прави нашите граѓани уште поранливи на постојаното поскапување на продуктите во маркетиите. 

Податоците на државното тело за статистика покажуваат дека иако сме мала земја, имаме невообичаено големи разлики во цените на исти производи во малопродажба од еден до друг град. Споредбите велат дека има разлики меѓу цените кај исти производи кои достигнуваат и по сто денари за килограм продукт. Од анализата исто така се заклучува дека Скопје иако е најнаселен град, не е најскап кога станува збор за прехранбените продукти.

Последните бројки за месец август 2022 година кои ги објави Државниот завод за статистика велат дека на пример компирите иако просечната цена им била малку под 40 денари, сепак, жителите на Струмица го плаќале компирот најскапо и тоа по цена од 44,14 денари. 

Кај гравот исто така има значителни разлики, па најскап грав во земјва се купува во Тетотво и тоа по цена од 196,85 денари, додека просекот на цената на овој производ во земајва изнесува 166 денари. Иако Тетово важи за регион каде порано се произведуваше еден од највкусните типови грав, денес тој важи за град каде цените на овод производ достигнуваат рекордно ниво. 

Статистиката покажува дека бананите во месец август се продавале по продечна цена од 69,57 денари, притоа најскапи во земајва биле пак во Тетово со 74,95 денари. Но, мала прошетка низ продавниците вели дека деновиве овој производ достигнвуа цени околу 100 денари за килограм. 

Млекото е уште еден производ чии цени се искачија до плафон и кои им задаваат „главоболки“ на граѓаните. Фактор објави дека цените на млекото достигнаа плафон, но по значителните реакции на јавноста, беа намалени маржите и ДДВ-то за овој продукт. 

За месец август статистика вели дека млекото просечно низ земјава чинело дури 68,66 денари, а притоа најскапо овој производ го купувале жителите на Битола, по цена од 71,48 денари. 

Кашкавалот станува луксуз за македонските граѓани, кои сега според просекто треба да издвојат најмалку 500-тини денари само за килограм кашкавал. ДЗС вели во август кашкавалот во земајва се продавал по цена од 514,49 денари, но притоа жителите на Охрид плажале најмногу или дури 575,21 денар. 

До каде ќе продолжи поскпаувањето на производите никој не сака да прогнозира. Економистите велат инфлацијата ќе се заузда но без конкретизирање кога тоа ќе се случи, а поради неизвесноста која и понатаму е присутна на глобално ниво, притисокот врз цените продолжува. 

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на Самитот на Министри во Црна Гора потенцираше дека во овој период на изразени инфлациски притисоци, централните банки мора да се држат до својата примарна цел, а тоа е среднорочната ценовна стабилност, што без никакво сомневање наметнува нормализирање на монетарната политика. 

- Секако, при нормализирањето на монетарната политика, централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем - потенцираше Ангеловска-Бежоска, и дополни дека доколку централните банки во регионот не преземаат мерки коишто ќе го следат циклусот на ФЕД и ЕЦБ, тогаш може да се соочат со ризици од капитални одливи или помали капитални приливи, а со тоа и зголемени притисоци на девизниот пазар. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА