03 Мај, 2024
0.0251

Охриѓани со декларација бараат да се откаже проектот за ски центар на Галичица

Објавено во: Економија 26 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Дел од месните заедници во Охрид бараат да се стопира реализацијата за изградба на ски-центар и туристички зони во Националниот парк Галичица. Тие подготвија Декларација за зачувување на светското природно и културно наследство на Охрид, која веќе ја испратиле до  премиерот, ресорните министерства и локалната самоуправа со која бараат веднаш да се откажат проектите.Претстваниците на месните заедници укажуваат дека овие проекти претставуваат сериозна закана за одржување на биодиверзитетот и природната изворност на Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“, и го доведуваат во прашање нивниот статус на светско наследство. -Охридското Езеро1 и Националниот парк „Галичица“2 кои се дел од Светското природно и културно наследство признаени од УНЕСКО се загрозени од проекти со кои се предвидува изградба на експресен пат, голем туристички ски-комплекс и несоодветна и штетна урбанизациија на голем дел од крајбрежјето и градот Охрид. Предложените измени во Планот за управување со Националниот парк Галичица, измените на Урбанистичките планови на Охрид, како и поедини одлуки за урбанизација со цел овозможување на реализацијата на овие проекти, претставуваат сериозна закана за одржување на биодиверзитетот и природната изворност на Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“.  Извештаите за Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за овие планови, каде што во дури 80% од заклучоците се вели дека негативното влијание врз биодиверзитетот, почвата и водите ќе биде неповратно, т.е. нема да може да се преземат никакви корективни мерки, посочуваат претставниците на Месниците заедници од охридското крајбрежје. Декларацијата е иницирана од страна на Месната Заедница „Лагадин“, Еколошкото друштво „Лагадин“ и Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ а на неа се потпишани Месните зедници на Љубаништа, Пештани,Лагадин, Рача, Коњско, Далјан/Воска и Манастирот Св. Наум Охридски од Дебарско-Кичевската Епархија на МПЦ. Претставниците велат дека Декларацијата ја испратиле до сите носители на одлуки поврзани со заштитата на светското културно и природно наследство на Охрид. -Зачувувањето на областите со висока еколошка вредност од меѓународен карактер признаен од УНЕСКО е од суштинско значење и приоритет на Република Македонија загарантиран со Устав. Цврсто веруваме дека како надлежни институции не сакате да учествувате во деградирање на ова исклучително значајно богатство кое е под заштита на УНЕСКО. Апелираме до Вас да ги стопирате предложените измени на Планот за управување со Националниот парк Галичица и Урбанистичките планови на Охрид, како и поедини одлуки за урбанизација и да се повлечете од спроведувањето на овие проекти, се наведува во декларацијата потпишана од страна на месните заедници. Во НП “Галичица” ќе се гради ски центар, експресен пат и туристички зони Во Националниот парк “Галичица” Владата најави изградба на ски центар, експресен пат и туристички зони.  Целта според Владата е да заживее економијата, да се развива туризмот и да се отворат нови работни места, преку изградба на три туристички зони на Охридското и Преспанското Езеро, ски центарот и експресен пат од Охрид до Св Наум кој ќе минува низ Националниот парк „Галичица“. Изградбата на патот е  најавена за годинава. Од еколошките здруженија и претходно предупредуваа дека со урбанизацијата на овој простор неповратно ќе бидат изгубени голем број претставници од растителниот и животинскиот свет на кои во овој парк им се природните живеалишта. gal_2 -Планираните активности во НП Галичица и менувањето на зоните на заштита на паркот со цел овозможување на реализација на проектите како експресен пат, ски центар и големи туристички компекси е неприфатливо ако се има предвид примарната цел на едно вакво подрачје. За планираните проекти во НП Галичицица и на брегот на Охридското езеро изготвените студии од експертите најмени од административните органи (општина Охрид и ЈУНП Галичица) јасно и недвосмислено потврдуваат дека спроведувањето на проектите може да го загрози меѓународниот УНЕСКО статус, изјави неодамна за Фактор, Александра Бујароска, од Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“. Дали за сметка на бизнисот се уништуваат Националаните паркови? Во охридско, освен во НП Галичица,  пред околу две години Владата ја најави изградба на луксузен туристички комлекс во Лубаништа, инвестицијата која како што беше требаше да ја финансира индискиот бизнисмен Субрата Рој. И тогаш на најавената инвестиција остро се спротиставија жителите и црквата на која и припаѓа дел од земјиштето. Бидејќи не успеја да ја реализира инвестицијата, кон крајот на минатата година  Владата на седница донесе одлука околу 1,7 милиони метри квадратни земјиште да бидат пренаменти од земјоделско во градежно земјиште за изработка на урбанистичка планска документација за изградба на туристичка развојна зона во Љубаништа во Охрид. Со ваквата одлука земјиштето трајно ќе се пренамени во градежно. Најголем дел од земјиштето е имот на локалното население кое во неколку наврати се противеше за било какво одземање од нивна сопственост.Во меѓувреме се чекаат студиите за изградба на хидроцентралите Луково Поле и Бошков мост во мавровскиот регион. Екологистите укажуваат дека реализацијата на проектите Луково поле и Бошков мост неминовно ќе резултира со сериозни последици по дивиот свет и животната средина. И мештаните од овој регион преку петиции и иницијативи се обидуваат да  ја  запрат изградбата на хидроцентралите во Националниот парк Маврово. маврово   Неодамна во интервју за британски Гардијан, портпаролката на ЕБОР, во врска со најавените инвестиции во хидроенергетскиот проект „Бошков Мост“, изјави дека проектот е стопиран и дека во тек е изработка на нова студија. Ќе се урбанизира и Лазарополе. Владата  донесе одлука за пренамена на земјоделско во градежно земјиште во Лазарополе, односно се одземаат 42 хектара шума, земјоделско земјиште од втора и трета класа, сопственост на Црквата и на 40-тина лазарополци кои за земјиштата имаат  тапии. Планот на Владата е да се изгради викенд населба со 300 куќи и два хотели. Лазарополци револтирано велат дека одлуката е донесена нетранспарентно и дека собираат документи за оспорување на владината одлука. И оваа викенд населба треба да никне во Националниот парк „Маврово“, што според екологистите комплетно ќе го уништи овој заштитен со закон наицонален парк. Во скопско, не запира урбанизацијата на Парк шумата Водно. Покрај пробивањето на патот за луксузната населба „Сончев град“, на врвот на Водно се гради Телекомуникациската кула, а на подножјето непречено се градат нови станбени згради. Минатата пролет, граѓанската иницијатива „Спас за Водно“ започна со собирање потписи против масовната урбанизација и уништувањето на шумата на падините на Водно. Од граѓанската иницијатива порачаа дека треба да запре изградбата на комерцијални објекти на планината, сечењето на шумата и уништувањето на спокојот на животните. Побараа да се  дефинираат  границите на Парк – шумата Водно и истата да се стави под заштита на државата. Да се почитуваат принципите за заштита на животната средина Дел од екологистите потсетуваат дека  укажувањата на Европската унија се во насока на тоа дека животната средина и економијата одат заедно но само во услови кога се почитуваат принципите за заштита на животната средина. -Наспроти ставот на поранешниот министер за животна средина г-дин Абдулаќим Адеми, дека екологистите треба да заборават малку на животната средина за сметка на економијата, поранешниот Еврокомесар за животна средина Јанез Поточник, изјави дека животната средина и економијата одат рака под рака доколку ги почитуваме принципите за заштита на животната средина и целиме кон зелен развој, вели Весна Илиевска-Утевска, проектен асистент на “Еко-свест”. Од еколошките друштва посочуваат дека надлежните на заштитените подрачја гледаат како на потенцијални “градежени парцели “, а негативните последици кои ќе произлезат од реализацијата на градежните активности се непроценливи. -На заштитените подрачја повеќе се гледа како потенцијална „градежна парцела“. Носењето одлуки и спроведувањето активности кои имаат негативни последици врз животната средина и природата на догорочен рок се покажало како неисплатливо. Во 21 век прифатен е ставот дека економијата и животната средина одат заедно и поради тоа бројни легислативни одредби налагаат детална анализа на влијанието врз животната средина пред отпочнување со било каков проект и активност или при дефинирањето одредени стратешки приоритети. Во дефинирање на економските активности на долгорочен рок имератив е начелото на заштита на животната средина и зачувување на природата и затоа бизнисите треба да се развиваат во синергија со природата, вели Бујаровска. Изградбата на викенд населбата во Лазарополе, ски- центарот и експресениот пат на планината Галичица, хидроцентралите Луково поле и Бошков Мост во мавровско, елитната наслеба Сончев град во скопско, туристичка зона во охридско Љубаништа- сите овие проекти  лоцирани во Национални паркови, а дел од нив се заштитени од УНЕСКО.Уште кога се најавија   укажуваа дека реализацијата сериозно ќе го нарушат биодиверзитетот. Реализацијата на дел од овие проекти е веќе почната, за дел се чекаат физибилити студии, а дел допрва ќе стартуваат. Вкупната тероторија на заштитени подрачја на Македонија изнесува нешто околу 9%, од кои повеќе од половина претставуваат трите национални паркови. Овој процент како што посочуваат од еколошките здруженија, според обврските од Бернската Конвенција, која Македонија ја има ратификувано во 1998 година, и Стратешкиот план за биодиверзитет до 2020 година на Постојаниот Комитет на конвенцијата треба да изнесува над 17%. Екологистите потсетуваат дека секоја земја потписничка на конвенцијата треба да обезбеди правна заштита, унапредување и соодветно управување со цел зачувување на териториите заштитени врз основа на нивните природни вредности. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување