14 Декември, 2025
0.1971

„ОхридТурист“ го промени составот на УО со нови луѓе од „Тиквеш“ и „М-6“, додека трае спорот со вториот акционер за продажба на имотот

Објавено во: Економија 13 Мај, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

„ОхридТурист“, компанијата сопственик на хотелот Палас и неколку други угостителски и туристички објекти, го промени составот на Управниот одбор со нови три члена кои доаѓаат од „Тиквеш“, односно од М-6 групацијата која е мнозински сопственик.

Оливера Ставрова, менаџер за финансии во ВВ Тиквеш, останува генерален директор, а исто и адвокатот Филип Медарски, како член на УО. Четиригодишниот мандат им истече на Борче Илиоски, Златко Ивановски и Снежана Славкова. Наместо нив, нови членови на УО на „ОхридТурист“ се Драгана Јаневска, ќерката на Светозар Јаневски, како и Кастриот Арифи и Искра Клинкарова кои доаѓаат од М6 Инвестиции.

Останува да се види дали новото раководство, на барање на вториот акционер „Екстра Скопско“, по повеќе од две децении неработење на објектот, ќе издејствува решение за хотелот „Палас“ во Охрид, изграден во далечната 1958 година. Според она што може да се заклучи од записниците од последните седници, „Екстра Скопско“ од раководството бара реконструкција и адаптација со современ изглед на некогашниот репрезентативен угостителско-сместувачки бисер на Охридската ривиера.

Во 2016 година имаше најава за комплетна реконструкција на хотелот Палас, но тоа не се случи. И во последните години имаше неколку настани и работни состаноци на кои се бараше решение за објектот за кој повеќе од две децении нема епилог Инаку, хотелот „Палас“ е прогласен за споменик на културата и како таков е ставен под посебна заштита. Според сегашните околности, негово уривање не е можна опција, така што решението за неговата иднина треба да се бара преку негова реконструкција.

Во моментов во акционерското друштво владее и спор помеѓу вториот акционер „Екстра Скопско“ и М-6 околу условите и намерите да се продадат хотелот „Десарет“, комплексот „Летница“ и објектот „Ориент“ во Охрид преку објавување на оглас за прибирање на понуди.

„Екстра Скопско“ го бара својот удел преку поделба на друштвото бидејќи, како што веќе имаат известено од таму, раководството не нудело развоен концепт, туку имало намера само да го распродаде имотот. Во меѓувреме имало и предлог пред собранието на акционери да се заложи имотот на хотелот „Десарет“ за повлекување на кредит од околу 11 милиони евра за потребите на М-6.

„ОхридТурист“ поседува и свое земјиште, рестораните „Билјанини Извори“ во Охрид и „Острово“ кај Свети Наум, како и автокампот Љубаништа.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?