Огромна бомба во Дизелдорф, населението се евакуира
Објавено во: Свет 09 Март, 2017
Околу 8.000 луѓе на зоната покрај аеродромот во Дизелдорф во Германија, вклучувајќи и 250 гости на аеродромскиот хотел добија изутринава наредба за евакуација поради деактивирање на американска бомба.
Станува збор за бомба тешка 500 килограми, откриена за време на Втората светска војна, пишува весникот „Рајнише пост“.
Бомбата ја откриле градежни работници. Евакуирани ќе бидат жителите во радиус од еден километар од местото, на кое е пронајдена бомбата.
За време на активностите за деактивирање регионот ќе биде затворен за движење.