29 Април, 2024
0.0262

Огорчени млекопроизводителите во Хрватска: Блокирани патишта, најавени нови протести!

Објавено во: Агробизнис 23 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Одлуката на Дукат, кој најави привремено суспендирање на купувањето млеко од хрватски фарми и на одлуката на Меггле, кои од вчера купуваат само тестирано чисто млеко без афлатоксин,  ги шокираше жителите на источна Славонија. Откако Дукат престана да купува млеко од 180 фарми во источна Славонија, млекопроизводителите од овој дел со трактори го блокираа патот во Копаница. - На поединци не треба да им биде дозволено да прават што сакаат, ова е само уништување на хрватското производство. Тоа треба да се сопре. На 4 март веројатно ќе излеземе со масовни протести. Тоа ќе биде резултат на широко незадоволство, велат некои  од оние што излегоа на протести. Од понеделник ќе почнат средби меѓу земјоделците во Хрватска, како и координација на селски здруженија. - Во повеќето случаи, млекото не беше тестирано на афлатоксин и овој проблем мора да се реши итно – предупредуваат земјоделците кои веруваат дека Дукат, Лакталис и Мегле престанаа да откупуваат млеко без докази. Исто така лут е и министерот за земјоделство, Тихомир Јаковина кој на хрватските фирми им се обрати со зборовите "Господа, можевте на време да не известите“.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?