ОФИЦИЈАЛНО ПОПИС 2021: 20.000 Македонци имаат бугарско државјанство
Објавено во: Македонија 29 Април, 2022 13:20
Државниот завод за статистика денеска објави нови сетови на податоци согласно планот за објавување на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.
Според новите податоци, во вкупното попишано население има 19 645 граѓани кои имаат и македонско и бугарско државјанство, според она што го декларирале пред попишувачите. Во вкупното население има само 165 граѓани кои имаат бугарско државјанство, а немаат македонско.
Интересно е што има и голема заедница со македонско и српско државјанство - 10.909. Со пасош од Косово има 2.393 попишани.
Хрватско државјанство имаат 3.819 лица, германско имаат 804, додека италијанско имаат 1.406-мина кои наедно имаат македонско државјанство. Такви има 208 со холандско, 349 со полско, 103 со норвешко, 269 со руско, 1.040 со словенечко.
443 се граѓани и на Шведска, а 1.114 на Швајцарија. 766 се Турци, а пасош на САД имаат 1.937 попишани.А.К.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




