Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска
Објавено во: Економија 31 Јануари, 2023 11:18
Минатата година најголем број дозволи за престој и работа во Хрватска се издадени на државјани на Босна и Херцеговина (36.783), Србија (19.176), Непал (12.222), Македонија (10.053), Косово (8.979), Индија (7.690), Филипини (5.935) и Бангладеш (4.381), Албанија (4257) и Турција (3653), објави Вечерни лист.
Дури 124.121 дозволи за престој и работа лани се издадени на странски работници до 31 декември, информираат од МВР, 79.458 одобренија за нови вработувања, 27.827 за продолжување, и 16.836 за сезонски работници.
Најмногу странци се вработени во градежништвото (53.772), и туризмот и угостителството (32.306), а просечната бруто-плата на странските работници според податоците на хрватската служба за вработување била од 685 евра за чистачи, пекари и градежни работници. до највисоките плати од 840 за готвачи.
Вечерни лист додава дека Хрватска се претвора и во проточен котел за работниците кои добиваат статус на работници од ЕУ, затоа што многу од нив продолжуваат да одат во западните земји.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




