26 Април, 2024
0.0289

Официјално: Ланските пожари направија штета од 40 милиони евра

Објавено во: Економија 25 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Штетата од минатогодишните пожари, пред се оние кои ја зафатија земјата во текот на август лани и се гасеа со меѓународна помош, предизвикаа загуба по шумскиот фонд од 40 милиони евра. Ова го потврдува ЈП „Национални шуми“ во штотукуобјавениот годишен извештај за својата работа во 2021.

Точната сума изразена во денари е 2.373.137.539 денари, или во евра тоа попрецизно изнесува 38,77 милиони евра. Дефинитивно, тоа е рекордна штета по еден од националните ресурси на земјата. Претходно, најголемата беше регистрирана во 2017 и според потврдените пресметки изнесуваше 32 милиони евра.

Владата на 5 август поради пожарите прогласи кризна состојба во траење од 30 дена, но изгледа и тоа не придонело да се зауздаат штетите за кои е потребно да поминат децении за да се надоместат. Покрај шумите на јавна површина, имаше опожарени и голем број шуми во приватна сопственост и со тоа економски беа погодени неколку различни локални дејности.

За споредба, во извештајот на јавното претпријатие стои дека во 2021 опожарена е дрвна маса од 490.000 метри кубни, додека една година претходно бројката на опожарени дрва е само 8.138 метри кубни. Опожарената површина е десет пати поголема - 12.350 хектари во 2021, наспроти 1.234 хектари во 2020. За интензитетот на пожарите доволно зборува тоа што лани ги имало 204, а една година претходно точно двојно помалку. Најголемиот дел од штетата го предизвикале 19 пожари во шума од мешан состав. Пожарите ги гаселе повеќе од 6.600 луѓе.

Повеќекратните штети на шумскиот фодн најмногу му нанесоа пожарите во источниот и југоситочниот дел од земјата лани.За оваа година директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, веќе најави дека сервисирани ќе бидат трите противпожарни авиони канадери и дека на располагање ќе биде плус уште еден полициски хеликоптер.

За да се направи споредба според официјалната методологија и податоците кои систематски ги прибира „Национални шуми, во 2020 штетите од пожарите на шумски површини изнесувале 1,3 милиони евра, во 2019 загубата била 13 милиони евра, а во 2018 проценката е 1,15 милиони евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина