23 Јули, 2024
0.2035

Официјална премиера на целосно новиот Škoda Kodiaq

Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Škoda го лансираше својотводечки SUV,целосно новиот Škoda Kodiaq, на македонскиот пазар. Со својот моќен и робустен изглед, новиот Kodiaq поставува нов репер во сегментот SUV, комбинирајќи ја врвната технологија со исклучителна удобност и простор.

Надворешноста на Kodiaq е целосно редизајнирана, прикажувајќи ги елементите на новиот дизајнерски јазик Modern Solid на Škoda. Елегантните, аеродинамични подобрувања не само што ја подобруваат естетиката на возилото туку придонесуваат и за неговите извонредни перформанси.Новиот Kodiaq е за 6 см подолг во споредба со претходникот и нуди уште повеќе простор и комфор за сите патници. Во понуда е и варијантата со 7 седишта.

Вниманието на надворешноста го привлекуваат LED matrix светлата од втората генерација и предната решетка со хоризонтална светлосна лента. Внатрешноста е збогатена со текстил и кожа кои потекнуваат од еколошки процес на обработка и го рефлектираат фокусот на одржливоста.

Kodiaq во својата втора генерација нуди свеж и иновативен концепт на ентериерот со четири специфични дизајнерски селекции – Loft (текстил), Lounge (текстил-волна), Suite Black и Suite Cognac (кожа)кои во комбинација со опционални пакети креираат комплетно различно доживување. Ново ниво на удобност и релаксација нудат опционално достапните ергономски седишта со пневмо-масажа. Инфозабавниот дисплеј сега е самостоен, со дијагонала на екранот до 13 инчи и е опционално е достапен со head-up дисплеј.

Рачката на менувачот сега е поставена на управувачкиот столб, што и дава на централната конзола многу чист и уреден изглед и додава дополнителен простор. Škoda Smart Dials се уште една сосема нова карактеристика на целосно новиот Kodiaq – три ротациони контроли позиционирани под инфозабавниот екран. Комбинирајќи ги хаптичките контроли со екранот во боја од 32 милиметри, тие обезбедуваат интуитивен, лесен и приспособлив пристап до различни функции на возилото и инфозабавниот систем.

Со постојаната интернет конекција кај Kodiaq овозможено е безжично ажурирање на софтверот, мапите за навигација и разните услуги на Skoda Connect – како на пример Далечинско активирање на климатизацијата или полнењето на батеријата (kaj Plug-In варијантата), проверка на сообраќајот или временската прогноза и сл. Интегрирањето на четботот заснован на вештачка интелигенција ChatGPT во неговиот гласовен асистент Laura, Škoda го подобрува искуството на многу клиенти и помага да се олесни секојдневниот живот. Новата предна конзола овозможува индуктивно полнење на два смартфони истовремено, обезбедувајќи вентилација и моќност од 15W на безжично полнење и 45W преку USB-C портата за брзо полнење.

Опсегот на погонски единици на Kodiaq покрај добро познатитебензински 1.5 TSI DSG Mild-hybrid со 110 kW (150 KS) и дизелските 2.0 TDI EVO DSG со 110 kW (150 KS) и 142 kW (193 KS) во комбинација со погон на сите тркала 4х4, сегае проширен со возбудливото деби на plug-in хибриден погон од 150 kW (204 КС)кој нуди повеќе од 100 km чисто електричен опсег. Ова обезбедува динамично возачко искуство прилагодено на секоја потреба. Сите погонски единици се достапни единствено со автоматски DSG менувачи.

На располагање кај новиот Kodiaq се девет различни бои, меѓу кои и новата Bronx Gold металик. Изборот на алуминиумски тркала почнува од 17” тркала како стандардна опрема, па се до 20” тркала “RILA Aero anthracite” претставени на изложените возила.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

„И ОДМОР, И ЗАШТЕДА“ – ПРОМОТИВЕН ОРОЧЕН ДЕПОЗИТ НА ПРОКРЕДИТ БАНКА СО АТРАКТИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА САМО 13 МЕСЕЦИ

„И ОДМОР, И ЗАШТЕДА“ – ПРОМОТИВЕН ОРОЧЕН ДЕПОЗИТ НА ПРОКРЕДИТ БАНКА СО АТРАКТИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА САМО 13 МЕСЕЦИ

Соопштение за најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци за приредување игри на среќа

Соопштение за најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци за приредување игри на среќа

ОКТА продолжува со спроведување на донаторски проекти во обновливи извори на енергија

ОКТА продолжува со спроведување на донаторски проекти во обновливи извори на енергија

Победете ги летните дигестивни предизвици со јогурт со пробиотици

Победете ги летните дигестивни предизвици со јогурт со пробиотици

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.816.621 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.816.621 ДЕНАРИ

IQOS караванот на нова локација, во Струга

IQOS караванот на нова локација, во Струга

Новиот бестселер „Само ова лето“ од Аби Хименез е романса што ќе се чита многу лета

Новиот бестселер „Само ова лето“ од Аби Хименез е романса што ќе се чита многу лета

Анхоч Дискавери (Anhoch Discovery) – Откријте го најексклузивниот продажен салон за ИТ, гејминг и аудио опрема во Македонија!

Анхоч Дискавери (Anhoch Discovery) – Откријте го најексклузивниот продажен салон за ИТ, гејминг и аудио опрема во Македонија!

АНЃУШЕВ: ИМАМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ВИШОКОТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА - СМАРТ БАТЕРИСКИ СИСТЕМ ЗА СКЛАДИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ НА СТРУЈАТА

АНЃУШЕВ: ИМАМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ВИШОКОТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА - СМАРТ БАТЕРИСКИ СИСТЕМ ЗА СКЛАДИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ НА СТРУЈАТА