22 Април, 2025
0.0636

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

Објавено во: Македонија 22 Март, 2025 20:46

Добивај вести на Viber

Одземавме 427 лиценци во делот на градба, проектирање и надзор од досега прегледаните 2810 лиценци во Министерството. Најголема е бројката за Изведувачи на градба од Б категорија и во тој дел одземени се вкупно 198 лиценци, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Дневикот на ТВ Сител.

Тој најави дека Владата и Министерството за транспорт преземаат сериозни активности во делот на проверка на сите издадени лиценци и овластувања. 

„Денес имам нови бројки имајќи предвид дека вработените во Министерството за транспорт работат и денес и утре. Иако сме на раб на законот, донесовме одлука да ја направиме оваа контрола. Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над 3000 лиценци. Скоро сите се прегледани. До денес прегледавме 2810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е 427. Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови. Најголемата е бројката на изведувачи на градба во Б категорија, тоа е практично се што не е врвен државен објект, меѓу што и станбени згради. Таму ќе се одземат 198 лиценци. Во понеделник таа работа ќе биде завршена, а во вторник ќе имаме конкретни бројки и со име ќе ги извадиме сите носители на лиценци на сите носители на кои ќе им бидат одземени лиценците. За истото ќе го известиме надлежното обвинителство и МВР“, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека по итна постапка ќе се пуштат законски измени со што контролите ќе станат облигаторни на секои шест месеци. 

„Имаме една сериозна акција на проверка. Се работи во сите сектори и сите тие ќе почнат да излегуваат со бројки и резултати со кои би презентирале пред јавноста каква е состојбата. Увидуваме и дека има доста законски недоследности. Не велам дека законите се секаде лоши. Во најголем дел законите се добри и намерата е добра, но за жал нашиот менталитет е таков каков што е и има бројни злоупотреби. Во одредени ситуации законодавецот веројатно сакајќи да ги поедностави процедурите, тоа поедноставување доведува до големи злоупотреби од страна на приватните субјекти кои се крајни корисници на овие овластувања и лиценци“, заклучи вицепремиерот Николоски.

Можеби ќе ве интересира

ИМА НОВА ПРЕСМЕТКА: Љутков кажа кога вработените во култура ќе добијат плата

ИМА НОВА ПРЕСМЕТКА: Љутков кажа кога вработените во култура ќе добијат плата

ТЕКСТОТ ТРЕБА ДА БИДЕ НА ТРИ ЈАЗИЦИ: Собранието наскоро ќе има ново лого

ТЕКСТОТ ТРЕБА ДА БИДЕ НА ТРИ ЈАЗИЦИ: Собранието наскоро ќе има ново лого

КРАЖБА ВО ДОМОТ НА ФАТМИР БИТИЌИ: Тој потврди дека е одземен сеф

КРАЖБА ВО ДОМОТ НА ФАТМИР БИТИЌИ: Тој потврди дека е одземен сеф

ЈАХОСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР: Две милиони евра не беа доволни за да излезе од Шутка

ЈАХОСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР: Две милиони евра не беа доволни за да излезе од Шутка

ГРАЃАНИ И ФИРМИ, ВНИМАВАЈТЕ КОГА ВЕ ВИКААТ ЗА НАВОДНА ИСТРАГА, ИМА МНОГУ ЛАЖНИ ПОКАНИ - најново предупредување за измами од МВР

ГРАЃАНИ И ФИРМИ, ВНИМАВАЈТЕ КОГА ВЕ ВИКААТ ЗА НАВОДНА ИСТРАГА, ИМА МНОГУ ЛАЖНИ ПОКАНИ - најново предупредување за измами од МВР

РЕК Битола се справува со лебдечката пепел, ќе вклучи и водени топови

РЕК Битола се справува со лебдечката пепел, ќе вклучи и водени топови

Газдата на „Пуцко Петрол“ излегува од притвор ако даде парична гаранција

Газдата на „Пуцко Петрол“ излегува од притвор ако даде парична гаранција

За Велигден без плата, протест пред Министерството за култура

За Велигден без плата, протест пред Министерството за култура

Француски туристи тешко повредени на патот Кичево - Охрид

Француски туристи тешко повредени на патот Кичево - Охрид