ОДРОНИ НА КАРПИ, ПОПЛАВИ, ЕВАКУИРАНИ УЧЕНИЦИ: Невреме ја зафати Грција
Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2023 15:16
Делови од Грција денеска се во хаотична состојба, откако ги зафатија врнежи од дожд и предизвикаа поплави.
Одрони на карпи и поплави има на островот Закинтос, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Противпожарната служба ноќеска примила десетици повици за помош и интервенирала во поплавени домови, а пак дождот предизвикал проблеми и на повеќе улици.
Силниот и обилен дожд предизвикал поплави во Атина, а од бројот 112 за итни случаи до жителите е испратена порака да го ограничат движењето. Повеќе централни булевари се поплавени. Како што објави грчката државна телевизија „ЕРТ“, во едно основно училиште и во градинка во Атина поплавени се училниците што се наоѓаат на приземје, а децата ги префрлиле на повисоките катови.
Лани во август и септември имаше силно невреме во Грција.
фото МИА
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




