ОДЛУКА НА РАЗДОР: Зошто САД го одбија кинескиот милијардер Џек Ма?
Објавено во: Финансии 03 Јануари, 2018
Кинескиот милијардер Џек Ма се откажа од купување на американската компанија за трансфер на пари MoneyGram бидејќи Вашингтон одбил да даде „зелено светло“.
Се работи за договор од 1,2 милијарди долари, а тоа одбивање е нов пример на заострување на американската контрола на кинески инвестиции.
MoneyGram Internacional и групацијата Ent Finacial Services, во сопственост на Џек Ма, не успеаја да добијат согласност од Одборот за странски вложувања во САД и покрај настојувањата да одговорат на барањата на тоа тело, наведува главниот извршен директор на MoneyGram Алекс Холмс во соопштението.
Акциите на MoneyGram по оваа информација паднале за 6,8 отсто во продолженото тргување на 12,4 долари.
„Геополитичкото опкружување значајно се промени откако пред речиси година дена најавивме предложена трансакција со Ent Finacial . И покрај нашите големи напори да бидеме кооперативни со американските власти, сега е јасно дека CFIUS нема да го одобри ова спојување“, наведува Холмс.
Засега е непознато што би биле можните забелшки на CFIUS.