03 Мај, 2024
0.0273

АНАЛИЗА: Продолжува падот на еврото во однос на доларот?!

Објавено во: Економија 24 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Значителните промени во капиталот на глобално ниво го туркаат надолу курсот на еврото и ја зголемуваат вредноста на американскиот долар, пишува „Wall Street Journal“.

Големи количини средства ја напуштаат еврозоната, каде приносот на „најбезбедните средства“ е незначителен, и се насочуваат кон САД и земји како Данска и Швајцарија. За помалку од една година еврото поефтни со 22% во однос на доларот - од 1.39 долари за евро до 1.08 долари. Овој месец единствената валута го достигна најниското ниво на курсот за последните 12 години - 1.05 долари.

Европската централна банка (ЕЦБ) ја задржа ниско основната каматна стапка, додека Федералните резерви планираат да ја зголемат во блиска иднина, што дополнително ја турка надолу европската валута. Мнозинството аналитичари посочуваат дека се повеќе инвеститори се чудат од еврото. Разликите во монетарната политика на ЕЦБ и ФЕД се само дополнителна причина за нив да ги пренесат средствата од Европа во САД во потрага по поголема профитабилност.

Кај големите централни банки се забележува истиот тренд, како Кина и земјите од Персискиот залив, кои држеа дел од резервите во евра се преориентираа кон долари. Минатото лето ЕЦБ ја намали основната каматна стапка речиси на нула, а каматата која се плаќа за депозитите на комерцијалните банки под нула. Оваа година банката започна програма на квантитативни олеснувања, во рамките на која печати пари, со кои откупува државни обврзници.

По воведувањето на негативната камата на депозитите во јуни за податоците на ЕЦБ трендот кон купување на странски средства и обврзници се зголемува. Во последно време се забележува остар скок на овој тренд. Во последниот квартал на 2014 година Европа ја напуштиле 124.4 милијарди евра.

Независно од евтините евра, европските акции и обврзници се зголемија . Основна причина за ова се квантитативни олеснувања, кои им даваат на инвеститорите причини да купат поризични средства, а купувањето на обврзници од ЕЦБ го одржува пазарот.

Последиците од одливот на капитал се забележуваат и кај соседите на еврозоната. Централната банка на Данска ја намали каматната стапка четири пати, за да ги одврати странците да се ориентираат кон круни и почна да печати круни, за да продава евра. Швајцарија се справи со приливот на капитал, при што го сврте таванот на курсот на франци кон еврото, што доведе до зголемување на центите со 40% во рамките на еден ден.

Преориентира кон САД доведе до скок на доларот, како и до зголемено пребарување на американски државни обврзници, и покрај очекувањата дека ФЕД ќе ја зголеми каматната стапка. Во рацете на странски инвеститори во 2014 година поминале 374 милијарди долари американски обврзници.

Програмата за откуп на обврзници на ЕЦБ се развива во контекст на намалување на буџетите на земјите од еврозоната. Ова, за возврат значи дека земјите издаваат помалку обврзници, а европските инвеститори се ориентираат кон странство.

Податоците од јануари покажуваат позитивно салдо од 29.8 милијарди евра, најмногу поради очекувањата за почеток на програмата на квантитативни олеснувања. Побарувачката од страна на ЕЦБ го намали приносот на обврзниците до рекордно ниско ниво, како што десетгодишните германски обврзници имаат принос од само 0,18%.

Според некои аналитичари одливот на капитал од еврозоната ќе продолжи. „Deutsche bank“ предвидува пад на курсот до 85 центи за евро до крајот на 2017 година. Влијанието на одлив на капитал е значително од шпекулациите во однос на еврото. Во март единствената валута продолжува да поевтинува.

Особено значаен фактор за тоа се централните банки. Пред почетокот на финансиската криза многу од нив, предводени од Народната банка на Кина купуваа големи количества долари за да го спречат поскапувањето на валутите, но по воведувањето на еврото изгледаше дека тоа може да го оспори ставот на доларите на глобална валута.

Преминувањето од долари кон евро имаше благотворен ефект врз единствената валута, која во 2008 година го достигна својот врв од 1.60 долари. Во последниве години, сепак овој тренд се забави. Делот на резервите во евра го достигна својот врв во 2008 година со речиси 28%, но во третиот квартал според податоците на ММФ, тој е е 22.6%.

И.Р.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување