14 Декември, 2025
0.0833

Одлични вести од најголемите охридски хотели! Како „Хотели Метропол“ планира да ја зголеми добивката за 55 отсто?

Објавено во: Економија 02 Април, 2025 07:49

Добивај вести на Viber

Очекуваната оперативна добивка на годинава е речиси 0,65 милиони евра. Во финансискиот план е предвиден раст на приходите за 10 отсто во услови на раст на оперативните трошоци од 3 отсто. 

Најголемата хотелиерска компанија на охридската ривиера излезе во јавноста со позитивни вести за претстојната сезона. Нивните очекувања се дека годинава ќе ги зголемат приходите од хотелиерство и угостителство за 10 отсто во споредба со 2024 година, а при тоа оперативните расходи да се зголемат за само 3 отсто. И како резултат на тоа очекуваат оперативната добивка вредна 649.000 евра, а тоа е за 55 отсто подобар резултат од 2024 година.

Во нивниот финансиски план за 2025 година менаџментот на „ Хотели Метропол“ објави, дека планот има реална основа во тоа, дека веќе знајачно ја подобриле ликвидноста на друштвото. И тоа преку примените резервации за претстојната сезона и тоа е на значајно повисоко ниво од претходната година. Ова во значајна мерка ќе го олесни оперативното работење на компанијата во месеците кои туристичките работници ја нарекуваат „ниска сезона“.

„Хотели Метропол“ проектираат дека годинава нивните вкупни приходи ќе достигнат до 3,76 милиони евра што би било за 10 отсто подобар резултат од 2024 година. Истовремено со тоа очекуваат растот на оперативните расходи да не го следи линеарно зголемувањето на приходите и нив ги проектираат на 3,11 милиони евра. А тоа е за 3 отсто повеќе од претходната година. Во своето образложение дадено во финансискиот план менаџментот објаснува дека во значајна мерка ги намалуваат трошоците за електрична енергија со тоа што вложиле во фотоволтаци за два хотели, а ја подобриле енергетската ефикасност и преку нова дограма.

Вреди да се истакне и информацијата содржана во финансискиот план за 2025 година во која е наведено дека менаџментот посветува особено внимание и на можни и потенцијални приходи од угостителски активности кои не се во директна корелација со ноќевањата во хотелите на групата „Метропол“.

Што се однесува во претходната година „Хотели Метропол“ заработи 458.000 евра од своите активности во 2024 година.

Охридските хотели од компанијата „Хотели Метропол“ се најголема хотелска компанија на ривиерата затоа што располагаа со над 770 кревети. Трите хотели на компанијата „Хотели Метропол“ („Белви“, „Метропол“ и „Турист“) располагаат со 368 соби и 10 апартмани, односно 378 сместувачки единици. Доминантен сопственик на оваа компанија е скопската шпедиција „Фершпед“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?