29 Март, 2024
0.0264

Одличен дизајн, прекрасни трендовски бои и камера која ќе ве инспирира – дали знаете за кои телефони зборуваме?

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Мириса на пролет, на јоргован. Мириса на нови почетоци, на свежа енергија, на љубов. Мириса на новата серија ултра модерни телефони, од најомилената серија на паметни телефони на пазарот – Galaxy A34 5G и Galaxy A54 5G.

Што ви потребно за совршен почеток на пролетта? Свежи бои во плакарот, нова фризура, планер на нови здрави животни навики и секако – обновување на паметниот телефон. Плус, тука е листата на дестинации кои ќе ги посетите оваа година, а токму пролетта е совршена за организирање на продолжен викенд во некој од најубавите Европски градови. Но, желбата за патување, за истражување на нови дестинации и откривање на неоткриените природни убавини, не е целосна комплетна доколку не се задоволи и огромната страст за фотографирање и овековечување на секој прекрасен момент. 

И додека уште сме во планирање на следното патување и сонуваме со широко отворени очи, време е да сонуваме и за совршено чисти и јасни фотографии во најдобра можна резолуција! Затоа, пред донесувањето на одлука за која ќе биде нашата нова дестинација, неопходно е прво да се одлучиме кој телефон ќе биде нашиот најдобар пријател  во авантурите кои следат.

 Сигурно до сега сте запознаени со омилената серија на паметни телефони на новата генерација - Samsung Galaxy A. Овој пат одејќи чекор понапред со најновите трендови и технологија, новата серија Galaxy A54 5G и Galaxy А34 5G влегува на голема врата, храбро освoјувајќи ги срцата на младите, но и на сите љубители на функционалност, достапност и иновација.  Со елегантен дизајн, напредни можности за камера и низа иновативни функции,  новите Galaxy A54 5G и Galaxy А34 5G се совршен избор доколку сакате да се почестите со неверојатно парче технологија кое е подготвено да ве следи во секој чекор, без да ве изневери!

Неверојатни дневни и ноќни фотографии, подобрени со креативни алатки за уредување

Galaxy A54 5G и Galaxy A34 5G обезбедуваат совршени висококвалитетни слики дури и во услови на слабо осветлување благодарение на водечките функции на Samsung Galaxy Nightography и AI. Без разлика дали сакате да направите совршено селфи или да се поврзете преку суперквалитетни видео повици, Galaxy A54 5Gнуди неверојатни детали благодарение на предната камера од 32 MP. Овие нови паметни телефони снимаат импресивно јасни видеа без заматување со напредна оптичка стабилизација на слика (OIS) и видео дигитална стабилизација на слика (VDIS).

Искусете неверојатни перформанси со живописен екран, брз 5G и долготрајна батерија

Двата уреди имаат извонредни Super AMOLED екрани од 6,4 инчи на моделот Galaxy A54 5G и 6,6 инчи  на моделот Galaxy A34 5G. Двата екрана се надградени за совршена видливост на отворено, дури и при силна сончева светлина. Со подобрен Vision Booster и стапка на освежување од 120 Hz, овие екрани се верни придружници за корисниците кога условите на осветлување се менуваат.

Останете поврзани без да се грижите  безбедноста

Мобилното искуство е забавно само ако е безбедно. Samsung Knox овозможува вашите податоци да се чуваат под клуч со мобилна безбедност на високо ниво. Galaxy A54 5G и Galaxy A34 5G им овозможуваат на корисниците пристап до контролната табла за безбедност и приватност што го олеснува гледањето како апликациите ги следат податоците и обезбедува лесни начини за запирање на несаканото собирање податоци. Кога корисниците сакаат да споделат важни датотеки што содржат чувствителни или лични информации со највисоко ниво на приватност и контрола, постои функцијата Private Share[1] . Овозможува споделување датотеки само со назначени примачи за ограничено време и без можност за снимање слики од екранот.

Гледајте YouTube без прекини.

Искористете до два месеци бесплатен YouTube Premium на вашиот Samsung Galaxy што ги исполнува условите и гледајте ги омилените видеа без реклами, без Wi-Fi мрежа. Активирајте го  на вашиот нов Samsung Galaxy A34 5G или Samsug Galaxy A54 5G. Понудата може да се искористи до 2.4.2024 година.

Започнете со 100 GB складирање на облак со Samsung Galaxy

Со 6 месеци бесплатна услуга Microsoft 365 Basic, добивате простор за складирање на облак, безбедна е-пошта без реклами и пристап до поддршка од Microsoft.

Шестмесечната пробна верзија на Microsoft 365 Basic е достапна од 31.3.2023 до 31.12.2023 година за корисници на уреди од серијата Samsung Galaxy A54 5G и Samsung Galaxy A34 5G.

Со нетрпение го очекуваме!

Galaxy A34 5G e достапен во четири бои вклучувајќи: црна, сребрена, светлозелена и светловиолетова и Galaxy А54 5G достапен во: црна, бела, светлозелена и светловиолетова. Новата серија на уреди e достапна во Северна Македонија од 31 март 2023 година по препорачана малопродажна цена почнувајќи од 23.499 ден за Galaxy А34 5G и почнувајќи од 29.499 ден за Galaxy А54 5G.

Пoвеќе информации за производите можете да најдете на:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a54-5g-green-128gb-sm-a546blgceuc/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a34-5g-lime-128gb-sm-a346blgaeuc/



[1] Функцијата за приватно споделување бара и испраќачот и примачот да имаат мобилни уреди Galaxy со Android 9 или понова верзија и апликацијата Private Share.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV