10 Мај, 2024
0.0248

Одгледувачите на канабис во Македонија ги губат лиценците, бизнисот им станува неисплатлив

Објавено во: Економија 04 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Само во првите четири месеци од годината Влада одзеде десетина лиценци на компании за одгледување на канабис за медицински цели. Се работи за зачестена појава во изминатиот период, ако се знае дека претходно можеше да се случи една-две компании за одгледување на канабис да престанат со работа во текот на годината.

Само во текот на изминатиот април без лиценца останаа одгледувачите „Каноби“, „Кабеири“', „Андерсон Леонард Фармацеутикал“, „Реј Грин“, „Канафилд“, „Крушево Веед Инт“, сите со седиште во Скопје, како и „Солидис Хербал“ од Струмица, „Грин Медикал Терапи“, од Чучер Сандево и „Беланџ“ од битолско Кравари. Претходно во текот на 2023 без лиценца останаа и „Гри&Био Фарм“ и „Греенго 2018“ од струшка Драслајца.

Иако неколку од оние на кои Владата им ги одзема претходно доделените одобренија за работа во медиумите беа поврзани со претходни полициски акции, Костадин Дуковски, претседател на здружението „Макканабис“, објаснува дека тоа е резултат на губење на бизнис интерес, затоа што власта не им овозможила на компаниите олеснувања во извозот.

- Владата не го оствари ветеното дека ќе се донесе Предлог-законот со кој ќе беше овозможено да се извезува цвет и овие фирми ја загубија секоја надеж. Тие сами пријавиле да им се одземе лиценцата или пак тоа Владата го прави автоматски штом претпријатијата ќе ги одјават вработените, вели Дуковски.

Изминатите години одгледувачите на канабис интензивно бараа од Владата со законска интервенција да дозволи извоз на цвет од канабис. „Макканабис“ предупредуваше дека има големи дневни загуби затоа што ја немаат оваа можност. Пораката беше дека на странски компании кои инвестирале милиони евра тоа им било ветувано повеќе пати.

- Во наредниот период очекувам во Македонија да останат да работат само уште десетина одгледувачи на канабис за медицински цели, но и тие ќе работат со неповолен економски резултат, изјави Дуковски.

Влада со одлука на минатогодишната седница му ја одзеде дозволата за одгледување на канабис за медицински цели на Фарма Медика Канабис, каде што, според претходни медиумски објави, сопствеништво имаат братучедите на поранешниот македонски премиер Зоран Заев - Бобан Заев, Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева. Подоцна тие за медиумите рекоа дека е загубен интересот и исплатливоста во работењето.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?