14 Декември, 2025
0.1009

ОДБИВАМ ДА СУМ РОБ НА ГОДИНИТЕ КОИ ДОАЃААТ, ОДБИВАМ ДА СЕ ЛИШАМ ОД РАБОТИ КОИ НЕ МИ ЛИЧАТ НА ГОДИНИТЕ - Ана Бунтеска за 51-от роденден

Објавено во: Стил 23 Јануари, 2023 11:54

Добивај вести на Viber

Поетесата и колумнистката на Женски Магазин, Ана Бунтеска, која денеска наполни 51 година, со многу интересен осврт за годините, за животниот став, за тоа што се смета за младост и старост.

„Знам дека го сакам животот кој го имам, ги сакам успесите кои ме тераат да одам напред, ги сакам падовите кои ме држат приземна и од кои учам, ја сакам лекцијата со која научив дека некогаш е поважно да знаеш што не сакаш од тоа да знаеш што сакаш. Знам дека додека сум жива, ќе бидам жива во умот и дека нема да имам страв да пробам многу работи кои ми останале ненаправени. Знам дека секогаш ќе се борам за правото на жената да биде своја, да ја добие почитта која ја заслужува и да биде вреднувана затоа што е способна и вредна. Знам дека ќе се борам против дискриминацијата и кога ќе имам 70 (здравје само да ги доживеам) и дека ќе бидам баба која ќе се облекува како што ќе и’ се сака, оти ќе и’ се може.

Одбивам да сум роб на годините кои доаѓаат или да се вкалапувам оти другите мислат оти така треба. Одбивам да се идентификувам како млада, стара, ова или она доба. Одбивам да правам работи кои ми личат на годините и да се лишам од правење работи кои (наводно) не ми личат на годините. Одбивам да стареам на начин на кој некому му е едноставно да ме смести во некоја колона. Она што можам, е да се прифатам себе со сите мани и доблести, да се сакам онаква каква што созревам и секогаш да работам на себе, ментално и физички. Е сега, не можам на тортава да наредам 51 свеќичка (поарно огномет да направам), ама па среќа што има свеќички со бројки...и да, некогаш и на 51 може да се однесувате како да имате 15“, пишува Бунтевска во својата колумна.

Можеби ќе ве интересира

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“

Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер