28 Април, 2024
0.0262

Од утре двосменско работење на шалтерите во Централната управа на Царинската управа

Објавено во: Мои пари 31 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Царинската управа на Република Македонија воведува двосменско работење на шалтерите во својата Централна управа, што ќе се применува од утре (01.09.2017 година), во согласност со Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа.

Двосменското работење, во чиј фокус е ефикасно и ефективно исполнување на работните задачи и поголема достапност за граѓаните, предвидено е да се применува во службите што имаат непосреден контакт со странки при издавање на лични документи, дозволи, потврди и слична документација.

Следствено на ова, Царинската управа денес донесе интерна Одлука за утврдување на распоредот на работното време за Царинската управа,според која е предвидено организационата единица за канцелариско и архивско работење во Централната управа  на Царинската управа на Република Македонија да работи во две смени од понеделник до петок од 07.00 до 14.30 часот и од 14.00 до 21.30 часот и секоја прва сабота во месецот 08.00 до 16.00 часот. На овој начин  дополнително ќе се излезе во пресрет и ќе се овозможи  поголема достапност за физичките и правните лица за завршување на потребните формалности.

24 часа непрекинато  работно време секој ден во годината е определено за царинските испостави на граничните премини во Царинарниците,Одделението дежурен царински центар, Одделението за оперативни работи во Секторот за контрола и истраги, службите за управување со гранични премини по царинарници, во Одделение за управување со гранични премини во Секторот за административни и технички работи.

Царинската управа секогаш ќе се стреми да биде ефикасен сервис на граѓаните, економските оператори и државата.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг