15 Декември, 2025
0.0450

ОД „ТЕШКОТО“ И „ГОЛЕМАТА МАЈКА“ ДО „ДИЈАТРЕТАТА“ И „АРАБЕСКАТА“ ХАЛКБАНК НЀ НОСИ НА ПАТУВАЊЕ ДЛАБОКО ВО НАШАТА СУШТИНА

Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2023 10:51

Добивај вести на Viber

Халкбанк АД Скопје во рамките на својата ангажираност кон уметноста преку современ дизајн инспириран од богатата културна историја работи на визуелна афирмација на трајните културни вредности.

Проектот „Трајни Културни Вредности“ втора година продолжува да ги истражува помалку познатите елементи од нашето културно наследство и да ги инкорпорира во бренд стратегијата на компанијата. Со веќе претставените креативни дела го истражува богатството на нашата култура, а најавуваат и втора фаза со уште поинспиративни графички дизајни и илустрации.

Во проектот беа вклучени над 10 реномирани автори кои изминативе две години истражуваа и инспирирани од нашата историја, создаваа дела инкорпорирани во една современа и нова визуелна комуникација.

Овој пат преку „Дијатретата“ и „Арабеската“, компанијата го нагласува значењето на мултикултурното наследство и влијанието на културните вредности во современиот свет.

„Идејата зад целокупниот проект е да се прикаже важноста за афирмација на нашето културно наследство и традиција, преточени во графички дизајн и илустрација што комуницираат во духот на современото време. На овој начин тие продолжуваат да живеат и остануваат за сите следни генерации, потсетувајќи нѐ на нашата историја“, изјави Маја Наумовска – Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации од Халкбанк.

Првите дизајни ги прикажаа елементите од традицијата во современа форма, зачувувајќи го автентичниот дух на културното наследство. Новите визуелни решенија продолжуваат во истиот  наратив со цел откривање на нови мотиви од нашето културно наследство, пренесувајќи го уникатниот дух на нашиот идентитет.

„Трајни Културни Вредности“ не само што го афирмира нашето наследство, туку и ја прикажува еволуцијата на уметноста во денешниот свет преку новите медиуми. Богатата историја е неицрпен извор кој добива нова примена во графичкиот дизајн и визуелната комуникација на компанијата.

Новите дизајни со автентичен ликовен јазик во современа примена продолжуваат да создаваат уникатни графички дела и да ја реанимираат нашата суштина!

Брендингот е авторски проект на маркетинг агенцијата Ефектива, која со години работи во доменот на зачувување и афирмирање на уметноста, но и на едуцирање и градење публика што ќе ги цени и препознава уметничките вредности.

Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка банка во Македонија и една од петте најуспешни. Таа е значајна и како компанија која има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството и вистинските трајни вредности.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија