19 Април, 2024
0.0267

Од што ГТЦ наплати 1,8 милиони евра, а на што потроши 810.000 евра?

Објавено во: Економија 08 Август, 2022

Добивај вести на Viber

ГТЦ е еден од симболите на Скопје и за многумина има трајна и урбана вредност. Затоа и го гушкаа и гордо кажуваа дека го одбраниле од барокната „инфекција“. И тука нема дилема дека е така. Но „медаљата“ има и друга страна. Како работи државната компанија што во епи-центарот на главниот град одржува речиси 120.000 квадратни метри: дуќани, пасажи, лифтови, придружни објекти, паркиралиште, куглана и други корисни површини? Како е да водиш компанија што речиси и нема за издавање  деловен простор затоа што е пробран и распродаден ама мора да извади за плати на повеќе од 200 вработени?

Градски трговски центар (ГТЦ) за првите шест месеци оствари 1,8 милиони евра приходи од продажба и тоа е за 14 отсто подобар резултат од истиот период лани, покажуваат податоците од официјалниот биланс на успех на оваа државна компанија која долги години го носи епитетот „скопска гордост“.

За жал во образложението кон финансиските резултати објавено на Македонска берза, менаџментот на ГТЦ всушност не образложил ништо за своето работење. Па затоа единствен начин за да се донесе заклучок за работењето е преку дедукција од структурата на податоци за работењето на ГТЦ во 2021 година, достапни во Годишниот извештај на компанијата.

Иако во шестмесечниот биланс на успех нема расчленета структура на приходните ставки, од ланскиот годишен извештај, може да се заклучи дека најголеми приходи ГТЦ има од услуги кои ги дава на корисниците на деловни простори. А во тие услуги влегуваат: режиските трошоци т.е. струја, парно, вода, ѓубрарина како и чистење и тековно одржување на просторот во ГТЦ. Со оглед на тоа логично е да се заклучи дека зголемени цени на електричната енергија и парното греење имале свое влијание врз растот на приходите кои ГТЦ ги наплаќа, а потоа мора да ги сервисира и плати кон фирмите кои снабдуваат со струја, парно и други комунални услуги.

Други приходни ставки на ГТЦ се кугланата и паркинг просторот под трговскиот центар кои заедно во вкупните приходи лани учествувале со помалку од 20 отсто.

Билансот на успех покажува дека во првото полугодие годинава оваа компанија има речиси идентични оперативни расходи и оперативните приходи. Разликата во корист на оперативните приходи е само околу 6.000 евра.

Најголема расходна ставка на ГТЦ остануваат да бидат трошоците за вработените. Иако намалени за 3 отсто во однос на лани тие за шест месеци изнесуваат над 810.000 евра за повеќе од 200 вработени. Втора најголема расходна ставка се услугите со карактер на материјални трошоци за кои компанијата одвоила над 640.000 евра, што е за 17 отсто помалку од истиот период лани. 

Клучен катализатор на зголемените трошоци годинава се останатите расходи од работењето кои надминале 347.000 евра и тоа е за 25 пати повеќе од истиот период лани!!!

За жал, менаџментот на ГТЦ не почувствувал потреба да го објасни растот на оваа збирна ставка трошоци иако е енормен, односно е зголемен за 25 пати во однос на истиот период 2021 година.

Од билансот на состојба се гледа дека ГТЦ и понатаму има голем предизвик со наплатата на побарувања од купувачи. Тие во однос на лани се зголемени за 7отсто и изнесуваат 2,77 милиони евра.

Зголемени се и тековните обврски на компанијата и тие на 30 јуни изнесуваат 2 милиони евра, а тоа е за 13 отсто повеќе од лани. Растот се должи на зголемување на обврските кон добавувачите и останати обврски.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите